ДВА ЗЕМЈОТРЕСА ЈА СТРЕСОА СРБИЈА Посилниот почувствуван во Хрватска и во Унгарија

Првиот земјотрес, со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во регионот Бездан, соопшти Републичкиот сеизмолошки институт на Србија.

7

Два земјотреса ја стресоа Србија ноќеска. Првиот, со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 2:35 часот во регионот Бездан, соопшти Републичкиот сеизмолошки институт на Србија (РСИС).

„Интензитетот во епицентарот беше проценет на шестиот степен од Меркалиевата скала, што значи дека земјотресите со оваа јачина можат да предизвикаат мали штети на зградите во епицентралното подрачје“, соопшти РСИС.

Епицентарот беше во областа помеѓу Бездан и Бачки Моноштор, околу 190 км северно од Белград.

Десетина минути подоцна, е регистриран послаб земјотрес со интензитет од 2,5 степени според Рихтеровата скала.

Посилниот земјотрес беше почувствуван низ цела северна Србија, особено во Војводина, како и во источна Хрватска и во јужна Унгарија.

Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека потресот се почувствувал во Сомбор, Осиек, Нови Сад, Апатин, како и многу други населени места во оваа област.

Поврзани содржини