ДРАМСКИ ТЕАТАР НЕ ЈА ДОДЕЛИ НАГРАДАТА „ГОРАН СТЕФАНОВСКИ“ Комисијата смета дека четирите понудени текстови не се доволно квалитетни

Драмските ликови/карактери не се јасно дефинирани и развиени во однос на ситуациите во кои се поставени. Дијалогот во драмските дела (во некои помалку, во некои повеќе) не е во целосна функција на отсликување на карактерите и не придонесува за развојот на драмското дејство, се вели во соопштението кое го прочита претседателката на Комисијата Викторија Рангелова – Петровска.

262

Драмски театар Скопје не ја додели наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години, беше кажано на денешната прес-конференција.

Како што соопшти Викторија Рангелова – Петровска, драматург и претседател на Комисијата, на конкуросот, кој првпат беше распишан годинава во февруари за најдобар драмски текст од македонски автор до 30 годишна возраст пристигнале четири апликации.






По анализата, Комисијата едногласно одлучила наградата „Горан Стефановски“ да не се додели. Рангелова – Петровска кажа дека кај пристигнатите дела има потенцијал и дека им е потребна доработка за да прераснат во квалитетни драмски текстови и одлуката да да не се додели наградата не треба да се толкува како дестимулација, туку како поттик за следните текстови.

„Авторите на доставените драмски текстови обработуваат различни теми, инспирирани од различни општествени состојби. По формата и структурата драмските текстови во најголем дел се обидуваат да ја следат класичната драмска структура и затворената форма, но не успеваат до крај да изградат цврста драмска целовитост. Драмските ликови/карактери не се јасно дефинирани и развиени во однос на ситуациите во кои се поставени. Дијалогот во драмските дела (во некои помалку, во некои повеќе) не е во целосна функција на отсликување на карактерите и не придонесува за развојот на драмското дејство. Комисијата заклучи дека доставените драмски материјали се развиени до ниво на драмски скици/зачетоци, на кои им е потребна доработка за да прераснат во квалитетни драмски текстови“, се вели во образложението на Комисијата кое го прочита Рангелова – Петровска.

Од денеска, 28 април 2025 година се објавува нов конкурс на кој авторите ќе треба да ги достават драмските текстови најдоца до први февруари 2026, а резутатите ќе бидат објавени на денот на раѓањето на Горан Стефановски, на 27 април.

Комисијата која решавала за наградата ја сочинувале: Викторија Рангелова-Петровска, (драматург и претседател на Комисијата) и членовите: Жанина Мирчевска (драматург), Венко Андоновски (книжевен теоретичар), Дејан Лилиќ (актер првенец) и Димче Николовски (режисер).

Директорот на театарот, Роберт Вељановски кажа дека нема да ја коментира одлуката на Комисијата, истакнувајќи дека станува збор за исклучително компетентни луѓе.

– Не ни можам да коментирам одлуката на Комисијата. Решив дека драмските текстови кои пристигнаа на конкурсот ќе ги прочитам од денеска натаму. За жал, резултатот од конкурсот е тој, но ќе се земам за право сето тоа да го префрлам на нешто што се вели кратки рокови. Ние на 5 февруари го објавивме конкурост. Но, секогаш е така кога е првата година. И затоа конкурост за 2026 година го отвораме денеска – изјави Вељановски.

Од Драмски театар велат дека сакаат да бидат тие кои ќе откријат ново име во македонската драматургија.

– Ако Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Жанина Мирчевски биле лансирани од Драмски театар, Дејан Дуковски од МНТ, не гледам причина зошто не би имале нов човек којшто со својот квалитет ќе заслужи да биде лансиран, а Драмски од секогаш бил театарот што им давал можност на младите автори – изјави Вељановски.

 

Поврзани содржини