📽️ 📷 ДРАМА ВО ЛОНДОН, ЖЕНА СО НОЖ ИЗБОДЕ ЧЕТВОРИЦА МАЖИ Повредените итно однесени во болница, полицијата веднаш ја уапси осомничената

Жената била приведена веднаш по нападот во Ковент Гарден, а четворицата повредени мажи биле пренесени во болница.

325

Четворица мажи се повредени откако жена ги нападнала со нож во центарот на Лондон, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил во познатиот лондонски кварт Ковент Гарден, каде што жената била уапсена веднаш по нападот. Таа е приведена под сомнение за напад и нелегално поседување оружје.

 






Повредените мажи добиле медицинска помош на местото на настанот, по што биле пренесени во болница за понатамошен третман. Засега нема информации за тежината на нивните повреди.

 

Од лондонската полиција соопштија дека случајот не се третира како терористички напад, туку дека постои поврзаност со менталната состојба на напаѓачката.

 

Полицијата продолжува со истрагата за да ги утврди сите околности под кои се случил инцидентот.

 

Поврзани содржини