ДОДИК НЕ САКА ВОЈНА, ТУКУ САКА ДИЈАЛОГ Човек на Трамп будно го следи судењето на претседателот на Српска

Неколку илјади луѓе се собраа во Бања за поддршка на претседателот на Српска, Милорад Додик, пред првостепената одлука на Судот на БиХ, што се очекува денеска. На собирот беше и близок соработник на претседателот на САД, Доналд Трамп, неговиот поранешен адвокат и градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани.

234

Претседателот на Српска, Милорад Додик, ја отфрли можноста за војна и повика на дијалог во вторникот, ден пред судската одлука за тоа дали е виновен за непочитување на одлуките на меѓународната заедница.

Неколку илјади луѓе се собраа во Бања за поддршка на Додик пред првостепената одлука на Судот на БиХ, што се очекува денеска. На собирот беше и близок соработник на претседателот на САД, Доналд Трамп, неговиот поранешен адвокат и градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани.






– Претседателот Трамп е запознаен со овој дел од светот и уверен сум дека за 4 години ќе развие пријателство со овој дел од светот – рече Џулијани на митингот.

Во БиХ не е донесен ниту еден закон, им рече Додик на насобраните граѓани, според кој јас сум го прекршил Уставот.

– Само урнете го Уставот и ќе видите каков е одговорот. Одговорот ќе биде уставен. Ќе го зачуваме мирот и никој од нашите мажи и жени нема да оди во војна – додаде тој.

Подоцна, на прес-конференција тој повика на дијалог кој е неопходен за стабилизирање на ситуацијата во БиХ.

– Националното собрание на Република Српска ќе усвои сѐ што е треба за тој дијалог. Отфрлам секаква можност за воен конфликт – нагласи Додик.

Поврзани содржини