ДОЈЧЕ БАНК ОТПУШТА 2.000 ВРАБОТЕНИ И ЗАТВОРА ФИЛИЈАЛИ Фокусот се префрла на дигиталното банкарство

Портпаролот на банката потврди дека затворањето на филијалите е дел од претходно најавените мерки, додавајќи дека не се воведува нова програма за намалување на трошоците.

426

Германската банка „Дојче банк“ планира да отпушти околу 2.000 вработени годинава во рамки на својата стратегија за намалување на трошоците, пренесе ДПА.

Банката, исто така, планира дополнително да ја намали мрежата на филијали, потег што го следи трендот на намалување во последните години.






Говорејќи на конференција, организирана од американската банка Морган Стенли, извршниот директор Кристијан Севинг укажа за планиран „значителен број затворања на филијали“.

Тој додаде дека трошоците, поврзани со кратењето на работните места, веќе се пресметани.

Портпаролот на банката потврди дека затворањето на филијалите е дел од претходно најавените мерки, додавајќи дека не се воведува нова програма за намалување на трошоците.

Дојче банк го префрла својот фокус на дигиталното банкарство, планирајќи да ги зголеми своите видео и телефонски консултации за приватни клиенти, додава ДПА.

ДОЈЧЕ БАНК ОТПУШТА ПОВЕЌЕ ОД 100 ДИРЕКТОРИ Сака да ги намали трошоците во работењето

Поврзани содржини