Денеска ќе се тестираат три нови лица од Дебар
Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна.
Во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар, соопшти Министерството за здравство.
Првата пациентка со корона вирус денеска заминува на домашно лекување. Таа беше по вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.
Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Петте пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состојба, соопшти Министерството.