ДЕЛ ОД ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕТПРАЗНИЧНО ГИ ДОБИВААТ ПЕНЗИИТЕ Три банки пред рокот ги исплатија пензиите
Пензионерите кои се корисници на услугите на овие банки парите можат да ги подигнат во готовина преку банкоматите, а достапни им се и за плаќање со картичка во трговската мрежа.
Дел од пензионерите во земјава денесla ќе ги добијат августовските пензии, бидејќи три банки одлучија исплатата да ја извршат пред празникот Успение на Пресвета Богородица.
Исплатата денеска ја вршат Стопанска банка Скопје, Халкбанк и Алта банка Битола, што значи дека пензионерите кои своите примања ги добиваат преку овие банки нема да мора да го чекаат редовниот термин за исплата.
Пензионерите кои се корисници на услугите на овие банки парите можат да ги подигнат во готовина преку банкоматите, а достапни им се и за плаќање со картичка во трговската мрежа.