ПЕНЗИИТЕ ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ЌЕ ПОРАСНАТ ЗА НАЈМАЛКУ 3% Покачувањето изнесува од 600 за најниските до 1.500 денари за највисоките пензии

Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, пензиите линеарно се зголемија 4 пати, два пати по 2.500 и 2 пати по 1.000 денари.

280

Пензиите на над 350 илјади пензионери следниот месец ќе бидат зголемени за најмалку 3 отсто со септемвриското услогласување. Точните пресметки во моментов ги прави Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а од управата најавиле дека точниот процент ќе се знае до крајот на следната недела.

Се чекаат официјалните податоци од Државната статистика, но според познатата формула, 50 отсто од просечната плата во првото полугодие и 50 отсто од инфлацијата, во споредба со бројките од второто полугодие лани, покачувањето би било од 600 за најниските пензии, до 1.500 денари за највисоките пензии. Најголем број пензионери земаат од 20 до 24 илјади денари и зголемувањето кај нив ќе биде до 750 денари.






Најниските пензии ќе бидат повисоки за 600 денари, а до 1.200 на возрасните чии месечни примањасе движат од 30 до нешто под 47 илјади денари. Просечната пензија, која во јуни изнесувала изнесувала 28.103 денари ќе биде зголемена за 843 денари.

Изминативе две години, од 2024 до 2026, со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, пензиите линеарно се зголемија 4 пати, два пати по 2.500 и 2 по 1.000 денари. Вкупно сите пензионери добија по 7.000 денари покачување. Но, сега од септември се враќа старото, законско услогласување, по позната формула.

Поврзани содржини