СЕ СКАРАЛЕ СО ПРОДАВАЧКАТА, ПА ГО НАТЕПАЛЕ И ЧОВЕКОТ ШТО ЈА БРАНЕЛ!? Приведени двајца насилници од Идризово

И.Х.(25) и А.Х.(20) со тврд предмет го нападнале И.О.(41), кој побарал од нив да не се однесуваат непристојно кон вработената во продавницаа во близиа на селото Идризово.

0

Двајца насилници од Идризово може на некое време да станат жители на затворот во близина на нивното село, откако во продавница биле агресивни кон продавачка, а потоа натепале соселанец кој им рекол да не се однесуваат така кон жената, соопшти МВР.

„На 22.08.2026 во 22:30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.Х.(25) и А.Х.(20), двајцата од село Идризово, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека во маркет во село Идризово се однесувале агресивно кон вработената, а потоа физички и со тврд предмет го нападнале И.О.(41) од истото село, кој побарал од нив да не се однесуваат така кон вработената. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, пишува во полицискиот билтен.






Поврзани содржини