📽️ ПО КАТАСТРОФАТА, НОВА ОПАСНОСТ ВИСИ НАД НЕПАЛ Езеро со 2 милиони кубни метри вода може да ја пробие природната брана

Зад свлечиште се собрале околу 2 милиони кубни метри вода, а новите дождови може дополнително да го наполнат езерото.

1

Ново езеро, создадено зад свлечиште на непалската страна од границата со Кина, се претвори во нова закана по смртоносната поплава која во вторникот го погоди подрачјето меѓу Кина и Непал.

Снимки од дрон на кинеската државна телевизија покажале дека езерото се проширило во близина на граничниот премин Ѓиронг, анализира хрватски Индекс. Во него веќе има околу 2 милиони кубни метри вода.






Уште позагрижувачка е прогнозата за следните 3 дена. Во езерото би можеле да се влеат дополнителни 3 милиони кубни метри вода.

Тоа го зголемува ризикот да попушти природната брана од земја и од карпи. Ако се случи тоа, нов воден бран би можел да се спушти по веќе опустошената долина.

Падините може да се урнат во секој момент

Кинеската армија предупреди и на друга опасност. Планинските падини околу Ѓиронг се исклучително нестабилни.

– Падините може да се урнат во секој момент – предупредиле кинеските воени претставници.

Патиштата околу граничниот премин со Непал се целосно уништени. Багери и друга механизација се обидувале да отворат пристап до погодените подрачја.

 

Oдрон од глечер силен како земјотрес

Најмалку 165 луѓе загинаа во катастрофата што ги погодила Непал и кинески Тибет. Речиси 1.500 луѓе сè уште се водат како исчезнати.

Поплавата можеби била предизвикана од одрон на дел од глечер, кој се урнал во долината на околу 1.200 метри пониско, покажуваат сателитски снимки на компанијата „Планет лабс“, кои ги анализирале експерти.

Непалските власти првично соопштиле дека можен предизвикувач на катастрофата бил земјотрес што го погодил подрачјето неколку минути порано. Сепак, Американскиот геолошки институт (USGS) соопштил дека бил регистриран потрес, но тој не бил предизвикан од земјотрес, туку од одрон со сила еквивалентна на земјотрес со магнитуда од 5,2 степени.

📽️ ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ВОДЕНИОТ ЅИД ШТО НОСЕЛ СÈ ПРЕД СЕБЕ Катастрофата во Непал однесе 162 живота, над 1.300 се водат како исчезнати

 

Поврзани содржини