ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА НАЈГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА ПРИЗНА ДЕКА СОРАБОТУВАЛ СО ЕПСТИН Му давал доверливи информации за политичката и економската елита
Џес Стејли сведочеше пред комитет на Долниот дом на Конгресот како дел од истрагата за Епстин и неговата партнерка Гислен Максвел.
Поранешниот извршен директор на ЏП Морган Чејс (JPMorgan Chase) им призна на американските пратеници дека споделувал доверливи информации со Џефри Епстин.
Во јули, Џес Стејли сведочеше пред комитет на Долниот дом на Конгресот како дел од истрагата за Епстин и неговата партнерка Гислен Максвел. Транскриптите од сослушувањето на 69-годишниот банкар беа објавени вчера.
Стејли призна дека му дал на сексуален престапник поврзан со политичката, академската и финансиската елита, информации за комуникациите на банката со Федералниот резервен систем (FED), централната банка на Америка, за време на финансиската криза во 2008 година.
Тој тврди дека верувал дека има овластување да споделува информации кога сметал дека е соодветно и тврдел дека имал близок професионален однос со Епстин, но дека не бил свесен за неговите злосторства.
Тој, исто така, признал дека го информирал Епстин за загриженоста на банката во врска со неговите големи подигнувања на готовина и дека бил етикетиран како клиент со висок ризик.
Стејли поминал повеќе од три децении во JPMorgan, вклучувајќи го и водењето на одделите за приватно банкарство и управување со богатство. Од 2015 до 2021 година, тој ја водеше банката Барклис