РУСИЈА ЈА МЕНУВА ТАКТИКАТА, ЌЕ ГАЃА СУПЕРМАРКЕТИ? Украинците имаат само неколку минути да се засолнат

Советникот на претседателот на Украина предупредува дека големите трговски комплекси носат поголем ризик, а новите брзи оружја драстично го скратуваат времето за засолнување.

0

Големите супермаркети, трговските центри и складските комплекси би можеле да станат приоритетни цели на руските воздушни напади. На тоа предупреди советникот на украинскиот претседател за технолошки прашања, Сергеј Бескрестнов, познат како „Флеш“, пишува „Њујорк Тајмс“.

Како причина за предупредувањето, Бескрестнов ги посочи нападите во Одеса. Таму беа погодени два големи објекти на „Епицентар“. Во пожарот беа зафатени повеќе од 35.000 квадратни метри.






Големите објекти носат поголема штета

Според проценката на Бескрестнов, Русија нема да троши скапи ракети или повеќе дронови врз мали продавници. Тој очекува ударите да се насочуваат кон големи трговски и складски комплекси, каде што може да предизвикаат поголема штета.

Ризикот, вели, го вклучува и Киев, како и другите региони во Украина.

„Епицентар“ има големи продажни објекти и огромни складови.

Од сирена до удар за неколку минути

Бескрестнов предупреди дека старото правило за десетина минути повеќе не важи.

Поради балистичките ракети и брзите млазни дронови, од активирањето на тревогата до можниот удар може да поминат само една до две минути. Во зависност од градот, времето може да биде најмногу околу пет минути.

Тој ги повика граѓаните веднаш по огласувањето на тревогата да ги напуштат големите трговски објекти и да побараат засолниште.

Поврзани содржини