ЦРВЕНИОТ КРСТ ЌЕ ИСПЛАТИ ПО 150.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЈ НАСТРАДАН Паричната помош се очекува денеска или утре
Психолошката помош е најпотребна, верувајте дека имаме повици - секојдневни и тековни од училиштата - пред сѐ, на територијата на Кочани, па и од Штип, зашто, замислете, им ги нема другарите од класот им ги нема луѓето со кои секој ден се дружеле и тој проблем е многу приоритетен и сериозен, посочи генералниот секретар на републичкиот Црвен крст, Саит Саити.
Во Црвениот крст досега се собрани над 54 милиони денари донации за настраданите во пожарот во Кочани. Откако ќе ги собереме сите потребни изјави за користење лични податоци на повредените и на нивните семејствата, веднаш ќе пристапиме кон исплата на паричната помош, најави генералниот секретар на републичкиот Црвен крст, Саит Саити.
Тој на денешната прес-конференција, во врска со преземаните активности за поддршка на настраданите од катастрофата во Кочани и во врска со начинот на исплата на финансиска поддршка од собраните донации на семејствата на загинатите и на повредените, посочи дека собирањето на личните податоци и согласноста за нивно користење се предизвик кој го забавува процесот на исплата на паричната помош и дека за негово надминување се вложувале натчовечки напори.
Црвен крст ќе исплати по 150.000 денари за секој настрадан
– Согласно законските прописи, почитувајќи го Законот за заштита на личните податоци, Црвениот крст е потребно да обезбеди согласност за обработка на личните податоци. Викендов успеавме да ги собереме податоците, денеска се пристигнати кај нас, се договоривме за лицата кои се лекуваат во странство, податоците да ги соберат службите на Владата, дел се добиени денеска, а бевме информирани дека остатокот ќе го добиеме во текот на денот. Јас се надевам дека со натчовечки напори тоа ќе успееме да го завршиме денеска или утре и дека веднаш ќе пристапиме кон исплата на средствата. Денеска раководниот одбор донесе одлука за секој настрадан да се исплати сума од 150.000 денари како првична финансиска и најитна помош – информира Саити.
Ќе се организира психолошка помош за сите училишта во Штип и во Кочани
Тој посочи дека во наредниот период Црвениот крст ќе биде посветен на теренските активности, особено во делот на пружање на психолошката поддршка за која тој рече дека наредниот период ќе биде најпотребна.
– Психолошката поддршка продолжува да се дава во континуитет во наредниот период. Во соработка со Министерството за образование, Црвениот крст презема обврска во наредните 60 дена со сите училишта на територијата на Кочани и на Штип да организира систем на психолошка прва помош, во соработка со локалните самоуправи, но и за останатите граѓани доколку тоа биде побарано. Психолошката помош е најпотребна, верувајте дека имаме повици секојдневни и тековни од училиштата, пред сѐ, на територијата на Кочани, па и од Штип, зашто, замислете, им ги нема другарите од класот им ги нема луѓето со кои секој ден се дружеле и тој проблем е многу приоритетен и сериозен и тоа е сега најприоритетната потреба – посочи Саити.
Донатори се интересираат за подолгорочни програми
Исто така, додаде тој, деновиве има заинтересирани донатори, подготвени на подолгорочни програми за работа на тие места.
– Еден таков состанок имаме денеска со голем донатор кој сам пројави интерес наредниве година до две, со нивна поддршка, да работиме на повеќе програми кои ќе значат помош на луѓето во Кочани – информира Саити.
Во однос на инцијативите за собирање донаци на платформи на социјалните мрежи, тој рече дека ја почитува желбата на граѓаните да помогнат, но дека е против објавување лични податоци на настраданите.
– Не би било добро Црвениот крст да биде тој што ќе ги означи и критикува оние кои сакаат да направат платформа и да помогнат за да не бидеме сфатени дека ние сакаме да бидеме единствени. Гледаме дека има различни амбици, има една иницијатива во Кочани и би кажал само дека не би се осмелиле како Црвен крст да користиме личен податок на некој и да го објавиме на таков начин, со цел да спречиме во иднина можна злоупотреба на тие податоци – рече Саити.
Донирани се ќебиња, инвалидски колички, постелнини…
Тој воедно информира и какви донации биле извршени во болниците каде што се наоѓаат повредните од пожарот.
– Црвениот крст достави помош во болниците во Кочани, 200 ќебиња и постелнини, 10 инвалидски колички, во Штип беа донирани 200 комплети постелнини, во Скопје 300. Возилата на Црвениот крст за санитетски транспорт беа ставени во функција на институциите на системот за превоз на пациентите од Кочани во болниците во Скопје. Беа отворени телефонските линии за донации 143 300 на сите оператори, сметката на фондот за солидарност за уплата на денари и на странса валута, онлајн платформата за донации на веб-страницата на Црвенот крст, во конатк сме со партнерските национални друштва од земјите каде што се хоспитализирани повредените од пожарот, каде им се обезбедуваа поддршка на семејствата на повредените, особена поддршка е понудена од организациите на Црвениот крст на Србија, Бугарија, Словенија, Хрватска и Грција – изјави Саити.
Службите на Црвен крст беа на располагање и за погребите
Службите на Црвен крст беа на располагање за организацијата како и за време на погребот на жртвите од пожарот во Кочани, каде што нуделе прва помош, психолошка и логистичка поддршка.
– Црвениот крст учествуваше во организирање на погребот на починатите лица и ги презема активностите за координација со надлелжните служби од главниот штаб на Владата, Министерството за внатрешни работи, Институтот за судска медицина, МПЦ, јавните претпријатија, градоначалниците на општините, финанализирање на списокот со податоци во комуникација со МВР и со Судска медицина, обезбедување погребална опрема за починатите, ангажирање овластени оператори за погребалните услуги за превоз на починатите… за тоа беа ангажирани 20 тимови на Црвенот крст, 10 тимови за прва помош и 10 за психосоцијална поддршка во соработка со комората на психолози на сите локации. Беа вклучени 165 вработени волонеери, распоредени на сите места каде што беа извршени погребите, 25 возила на Црвен крст, беа поставени пунктови за логистичка поддршка на сите места каде што беа извршени погребени – соопшти Саити.