ЦРНАТА КУТИЈА АРТАН ГРУБИ ЈА ДРЖИ ДУИ ВО ЗАЛОЖНИШТВО Им ги знае тајните, злоупотребите, валканите врски, интегративците се во страв, порача Вреди

Нивното „единство“ не е единство, тоа а е сојуз на луѓе кои се држат едни со други не од идеја, туку од компромитирачки досиеја, порача коалицијата Вреди.

0

ДУИ е партија заробена во своето минато, порача денеска Вреди.

„ДУИ повеќе не личи на политичка партија. ДУИ денес е затворен круг на луѓе заробени во страв, уцени и во паника, во кој црната кутија Артан Груби ги држи сите во заложништво“, се вели во соопштението од Вреди.

Оваа партија, се додава, формално зборува за единство, но реално ја раководи Артан Груби во име на Али Ахмети.

„Груби не е само поранешен функционер. Тој е човекот кој ги знае тајните, договорите, тендерите, злоупотребите и валканите врски на оваа партија. Затоа денес многу функционери на ДУИ се во паничен страв од едно прашање: Што може да прозбори Артан Груби“, соопшти Вреди.

Нивното „единство“ не е единство, додава коалицијата, тоа е молк од страв.

„Тоа е сојуз на луѓе кои се држат едни со други не од идеја, туку од компромитирачки досиеја“, потенцира Вреди.

Со правосудство кое сè повеќе се ослободува од влијанието на ДУИ, секој ден гледаме истраги, апсења, коруптивни скандали и злоупотреби на службена положба во вредност од стотици илјади и милиони евра, ова е распаѓање на еден систем, додава Вреди.

„Империјата што ја градеа со години врз страв, пари и врз уцени денес им се распаѓа пред очи. Кулата од карти паѓа, а кога ќе се отвори црната кутија Артан Груби, многумина во ДУИ нема да бараат политички излез, туку спас за себе. Албанците повеќе нема да бидат заложници на оваа деструктивна структура. Вреди избира друг пат. Пат на чесни луѓе и на одговорност. И затоа разликата е јасна. Тие се бранат од вистината, ние ја бараме“, се вели во соопштението на коалицијата Вреди.

Поврзани содржини