УВЕЗУВАЛЕ ФАЛСИФИКУВАНИ БОТОКСИ, ФИЛЕРИ И ДРУГИ ПРЕПАРАТИ Полицијата апси организирана крииминална група во која е можно да има и лекари

Сомневањата се дека групата била поврзана со нелегален увоз и дистрибуција на нерегистрирани и непроверени производи за естетски третмани, кои биле внесувани во Македонија преку нелегални канали од повеќе држави, меѓу кои Кина, Турција и од Србија.

0

Полицијата попладнево спроведува нова координирана акција насочена кон разбивање на нелегални мрежи кои, според неофицијални информации, профитирале на штета на здравјето на граѓаните.

Неофицијално, Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност при МВР врши претреси на повеќе локации низ државата и приведува повеќе лица, меѓу кои организатори, посредници, а според првичните сознанија можно е да приведува и лекари и други службени лица инволвирани во организирана криминална група.

Сомневањата се дека групата била поврзана со нелегален увоз и дистрибуција на фалсификувани ботокси, филери и други медицински препарати, кои биле внесувани во Македонија преку нелегални канали од повеќе држави, меѓу кои Кина, Турција и од Србија. Производите, кои потоа биле пласирани на пазарот, немале соодветна контрола, дозволи, ниту регистрација.

Овие препарати, кои често се користеле под превезот на естетски третмани, наместо подобрување на изгледот, можеле да предизвикаат сериозни здравствени последици – инфекции, деформитети, трајни оштетувања, па дури и ризик по животот на граѓаните.

Случајот отвора сериозни прашања за злоупотреба на довербата на пациентите и за опасностите од нерегулирани медицински интервенции.

Надлежните институции најавуваат дека борбата против ваквите криминални структури ќе продолжи со засилено темпо, со цел целосно расчистување на случајот и санкционирање на одговорните.

Поврзани содржини