СДСМ САКА САМО НА НИВНАТА ТАКАНАРЕЧЕНА ЕЛИТА ДА Ѝ ВРВИ БИЗНИСОТ Партијата не сака нов рудник, оти не ја интересираат ни граѓаните, ни економијата

СДСМ и Венко Филипче не сакаат во Крива Паланка да се отвори рудник, наспроти ставот на нивниот градоначалник дека со запазување на сите стандарди и процедури за заштита на животната средина, тоа ќе е добро како за локалната и за целокупната економија, така и за стандардот на граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

86

СДСM и Венко Филипче излегоа против својот градоначалник, кои и така ги имаат малку на број, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„СДСМ и Филипче не сакаат во Крива Паланка да се отвори рудник, наспроти ставот на нивниот градоначалник дека со запазување на сите стандарди и процедури за заштита на животната средина, тоа ќе е добро како за локалната и за целокупната економија, така и за стандардот на граѓаните. СДСМ и Филипче немаат демократски капацитет да ги слушнат издржаните аргументи за рудникот во Кривопаланечко, кои јавно ги кажува градоначалникот, тие одат против, само за да бидат против“, се вели во реакцијата.

Не може, се додава, државата и граѓаните да страдаат поради несигурноста и стравот на Филипче дали ќе го задржи претседателското столче во СДСМ и поради внатрепартиската битка да се спротивстави на секој што мисли поразлично од партискиот врв.

„Со ваквиот начин, СДСМ и Филипче покажуваат дека не сакаат Македонија да се развива, македонската економија да расте и македонските граѓаните подобро да живеат. СДСМ и Филипче уште еднаш покажуваат дека се против сè што значи подобар животен стандард за народот. СДСМ на Венко Филипче не сака да се отвораат нови производствени капацитети, да се вработуваат граѓани, да земаат повисоки плати, тие сакаат само на нивната таканаречена партиска елита да им течат бизнисите, да градат висококатници по Дубаи, да купуваат акции во авиокомпании и да инвестираат во плантажи во Африка“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

За благосостојбата на граѓаните и македонската економија не се грижат, додава партијата.

„Да се грижеа, немаше за нивното седумгодишно владеење да го осиромашат народот доведувајќи половина милион граѓани на просјачки стап одвај преживувајќи со по 150 денари на ден и немаше да ја опљачкаат државата носејќи ја до раб банкрот. Но, сепак има нешто што СДСМ на Филипче може сега, од опозиција, да го направи. Може што побрзо да се освести и да се консолидира, за да стане релевантна и кредибилна опозиција која ќе ги поддржи проектите во интерес на државата и граѓаните. Да биде коректив на власта со аргументирана критика, а не само со празни флоскули, само да се биде против, дури иако се работи за општествен и државен интерес. СДСМ и Венко Филипче треба да се свесни дека работењето и делувањето спротивно на државните и интересите на граѓаните, од некогаш голема партија ги доведе СДСМ да биде трета партија во државата со одвај освоени 130.000 гласа на последните локални избори“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Кузеска денеска обвини дека донатори на ВМРО-ДПМНЕ стојат зад идниот рудник за антимон и побара граѓаните да се изјаснат на референдум дали се за или против неговото отварање.

Поврзани содржини