МЕРКО Ѝ ЗАМЕРИ НА ДУИ ЗА ДВОЈНИТЕ АРШИНИ Партијата ги брани Беџети и Дехари, но не застанала зад него

Не може, вели Марко, да има политичка поддршка за едни, а молк за други.

70

Поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко од ДУИ ја обвини својата матична партија дека врз него применува двојни стандарди бидејќи не застанала во негова одбрана за кривичните пријави како што сега ги брани ексградоначалниците на Сарај и на Кичево, Блерим Беџети и Фатмир Дехари.

„Како некој што е дел од политичкиот живот повеќе од две децении, кој има институционални одговорности и придонесе за важни изборни победи во Струга и во Изборната единица 5, директно го искусив овој двоен стандард. Во неколку изборни циклуси, токму нашата Изборна единица направи разлика во рамнотежата на мандатите. Но, во моментот кога се соочив со судски постапки, недостасуваше поддршка. Напротив, отворено се дистанциравте. Тука се појавува главниот проблем – двојниот стандард“, напиша Мерко во објава на Фејсбук.

Мерко ѝ замера на ДУИ што застанала во одбрана на високи функционери како поранешниот вицепремиер Артан Груби, кон кого, како што вели, и покрај сериозните обвинувања за корупција, реакциите на партијата биле претпазливи, воздржани, па дури и дефанзивни.

„Сериозните обвинувања за корупција се релативизираат, а се молчи за процесите поврзани со административни одлуки. Обвинувањата против мене не беа за докажана корупција или финансиски криминал, туку за административни прашања и носење одлуки како што се назначување директори или поставување симболи поврзани со албанската историја и идентитет. Сепак, тие беа третирани како проблеми, додека во пракса се дел од институционалниот секојдневен живот во земјата“, додава Мерко.

Не може, вели тој, да има политичка поддршка за едни, а молк за други.

Поврзани содржини