„ЦИКЛУС НА ГРИЖА“ СОЗДАВА НОВА ЕРА ВО ЖЕНСКОТО ЗДРАВЈЕ Компанијата dm преку едуцира младите жени преку поткасти и едукативни програми

Речиси 200 ученици присуствуваа на едукативни работилници за менструалнотo здравје, како дел од проектот кој го поддржа dm.

68

Во текот на изминатите неколку месеци, 200 ученици од 7 средни училишта во Југоисточниот плански регион активно учествуваа на едукативни работилници посветени на менструалното здравје. Работилниците се дел од проектот „Циклус на грижа: Поддршка за женското здравје“, кој има за цел да го подобри знаењето за менструалната хигиена и да ги подигне свесноста и разбирањето за оваа важна тема меѓу младите.






„Циклус на грижа“ не само што им помогна на учениците да научат корисни информации за менструалното здравје, туку и ги охрабри да се ослободат од стереотипите и стигмата кои се поврзани со менструацијата. Овој проект создаде можност за отворен дијалог, што овозможи учениците да се чувствуваат дел од нешто поголемо и заедно да работат на создавање на иднина во која здравјето и благосостојбата ќе бидат главни приоритети.

Во рамките на проектот, организирана беше и обука за наставници и здравствени работници. Тие ја прифатија одговорноста да им бидат поддршка на младите, помагајќи им да се чувствуваат удобно да ги споделат своите прашања и искуства во врска со менструалното здравје. Со своето знаење и посветеност, наставниците и здравствените работници станале водичи во светот на менструалната хигиена.

Следната фаза: Видео поткасти за поддршка на младите

Како дел од следната фаза на проектот, ќе се реализира серија видео поткасти со експерти кои ќе им помогнат на младите да продолжат да учат и да се информираат. Овие поткасти ќе бидат важен извор на инспирација и знаење, создавајќи нови можности за раст и развој. Првата епизода, која се фокусира на темата „Превенцијата како прв чекор кон женското здравје“, веќе е достапна за гледање.

Проектот „Циклус на грижа: Поддршка за женското здравје“ е дел од шесте проекти кои dm ги поддржа преку конкурсот „Заедно за подобро утре“. Со оваа поддршка, dm, заедно со сите учесници, создаваат свет во кој секоја млада девојка ќе се чувствува силна, информирана и поддржана.

Поврзани содржини