ЧОВЕК СЕ ЗАЛЕПИ СО СЕЛОТЕЈП НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА Побара поддршка за настраданите во трагедијата во Кочани
Тој откри дека во пожарот во „Пулс“ загубил петмина другари и нагласи дека мора да се преземе нешто за народот во Кочани да може да живее.
Денеска напладне, граѓаните кои случајно се затекоа на плоштад Македонија во Скопје беа сведоци на необична сцена – непознат маж, залепен со селотејп за бандера, во близина на фонтаната.
На обидите на минувачите и медиумите да добијат одговор зошто го прави ова, мажот кратко изјавил дека „нема да каже ништо сè додека не дојдат сите новинари“.
Подоцна човекот проговори. Тој откри дека се работи за герила-акција на „Сапорт Кочани“ во знак на поддршка за настраданите и повредените во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.
Тој откри дека во пожарот во „Пулс“ загубил петмина другари и нагласи дека мора да се преземе нешто за народот во Кочани да може да живее.
– На едно дете знам дека му се потребни ракавици за рацете и нозете, а една ракавица е 1.000 евра. Значи, ќе му требаат 4.000 евра. Како што гледаме, државата нема да ги обезбеди тие пари. Да се соберат барем пари за тие деца – додаде младиот кочанчанец.