ЧИСТКА ВО ПОЛИЦИЈАТА ВО КОЧАНИ И ВО ШТИП Паѓаат командири и началници

Според информациите до кои дојде Плусинфо, сменети се седум раководни лица од СВР Штип и Кочани, вклучително и началници и командири од клучните сектори.

4,175

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски донесе одлуки за разрешување на неколку високи полициски функционери по трагичниот пожар во Кочани.

Според информациите до кои дојде Плусинфо, сменети се седум раководни лица од СВР Штип и Кочани, вклучително и началници и командири од клучните сектори.






Oд функциите се разрешуваат:

– Началникот на Секторот за внатрешни работи Штип

– Помошник началникот на СВР Штип

– Началникот на Одделението за полиција Штип

– Началникот на Одделението за криминалистичка полиција Штип

– Началникот на Одделението за внатрешни работи Кочани

– Командирот на Полициската станица од општа надлежност Кочани

– Началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани

Од Министерството најавуваат повеќе детали во текот на денот, кога ќе се одржи официјална прес-конференција на која Тошковски ќе ја образложи својата одлука.

Поврзани содржини