ЧИЧКО ЏОРЏ СО ЧАСОВИ РАЗГОВАРАЛ СО ПРИСЛИ ГЕРБЕР Клуни му велел „остани чист“, бидејќи и самиот како млад пробал кокаин

Актерот со години бил близок со семејството, а синот на Синди Крафорд и Ренди Гербер го знаел уште од мал. Извори тврдат дека по неговиот проблем со зависноста му испраќал пораки дека е тука за него и отворено разговарал за сопственото искуство со кокаин

0

Џорџ и Амал Клуни го посетија семејството на Синди Крафорд и Ренди Гербер само неколку дена по смртта на нивниот син Присли. Двајцата се фотографирани како пристигнуваат во домот на Каја Гербер во Лос Анџелес, каде семејството се собрало по трагичната загуба.

Врската меѓу Клуни и семејството Гербер трае со децении. Џорџ и Ренди се запознале во 1990-тите, во Њујорк, каде што Клуни често доаѓал во барот „Morgans“, чиј сопственик бил Гербер.






Од пријатели станале и деловни партнери, а во 2013 година заедно со Мајк Мелдман го основаа „Casamigos“, брендот за текила кој подоцна го продадоа за околу една милијарда долари.

Пријателството меѓу Џорџ и Ренди со текот на годините се проширува и на нивните семејства. Ренди и Синди се венчаа во 1998 година, Присли се роди во 1999, додека Каја доаѓа на свет во 2001 година. Според извештаите, Присли и неговата сестра Каја го нарекувале „Чичко Џорџ“, а Клуни бил присутен во нивниот живот уште од детството.

Извор близок до Клуни за „Daily Mail“ вели дека актерот бил особено погоден од смртта на Присли. Според истиот извор, тој бил една од личностите со кои Присли можел отворено да разговара за своите проблеми. Според извори цитирани од „Дејли мејл“, Клуни со часови разговарал со Присли за неговата борба со зависноста, а по неговата смрт актерот е длабоко потресен.

Еден извор близок до Клуни вели дека тој особено го советувал Присли по неговото апсење поради возење под дејство.

– Не го прави тоа, не е паметно. Биди внимателен – му велел Клуни. Во поново време, според истиот извор, му испраќал и пораки со поддршка. Друг извор близок до Амал Клуни вели дека односот меѓу двајцата бил многу подлабок од односот меѓу славна личност и дете на пријател:

– Присли беше повеќе од само син на пријател, тие имаа блискост.

Во разговор за „Esquire“ минатата година, Клуни самиот открил дека како млад актер во раните 1980-ти експериментирал со кокаин. Тој рекол дека „пробувал“ кокаин и други дроги, но нагласил дека тоа никогаш не било сериозен проблем за него. Токму тоа лично искуство, според извор близок до актерот, му овозможувало полесно да разговара со Присли за привлечноста на дрогата.

– Тој никогаш не бил зависник, но пробал и знае како делуваат дрогите и затоа можел отворено да разговара со Присли. Неговата порака секогаш била: остани чист – тврди изворот.

Присли никогаш јавно не кажал дека користел кокаин, но отворено зборувал за други супстанции и лекови со кои се соочувал во текот на својата борба со зависноста и менталното здравје. Во своите објави споменувал опиоиди, Ксанакс и Валиум, бупренорфин, миртазапин, празосин, кетамин и Адерал. Во 2024 година открил и дека преживеал предозирање со фентанил по кое неколку дена бил во кома.

Извор близок до Клуни вели дека смртта на Присли за актерот е „огромен удар“.

– Џорџ навистина го сакаше Присли – тврди изворот, додавајќи дека актерот сега сака да биде покрај Ренди, Синди и Каја и да му помогне на семејството на кој било начин.

 

Поврзани содржини