БРИТАНСКИ ЛЕКАРИ СЕ СПУШТИЈА СО ПАДОБРАН НА ОСТРОВ ЗА ДА МУ ПОМОГНАТ НА ПАТНИК СО ХАНТАВИРУС Патниците ќе бидат 45 дена под наздор во болница
Тристан да Куња е најоддалечената британска прекуокеанска територија, има 221 жител, нема писта и може да се стигне само по море со брод.
Британски воени лекари се спуштија со падобран на оддалечениот атлантски остров Тристан да Куња за да му помогнат на сонародник кој најверојатно е заразен со хантавирус, објави денеска Би-Би-Си.
Тој го напуштил бродот MV Hondius, каде што избувна епидемија на вирусот, на 14 април. Првите симптоми ги добил две недели по напуштањето на бродот и моментално е во стабилна состојба, во изолација, пренесува Бета.
Ова е прв пат британската војска да спушти медицински персонал со падобран за да обезбеди хуманитарна поддршка, објави британското Министерство за одбрана.
Тристан да Куња е најоддалечената британска прекуокеанска територија, има 221 жител, нема писта и може да се стигне само по море со брод.
СЗО соопшти дека досега три лица починаа од хантавирус. Покрај шесте потврдени случаи, постојат два сомнителни случаја, вклучувајќи го и Британецот од островот Тристан да Куња.
Во саботата, авиони на RAF исто така спуштија со падобран кислород, чии залихи на островот се на критично ниво, објави британското Министерство за одбрана.
Речиси еден месец по првата смрт од хантавирус на MV Hondius, крузерот денеска пристигна во Тенерифе, каде што властите им помагаат на повеќе од 100 луѓе да се евакуираат и да се вратат во нивните земји.
Дваесет и двајца британски патници од крузерот треба да бидат вратени дома од Тенерифе со чартер лет. Тие ќе бидат однесени во болницата „Ероу Парк“ во Вир, каде што ќе бидат изолирани 45 дена.
Хантавирусот припаѓа на група вируси што се пренесуваат преку глодари. Повеќето соеви на хантавирус не се шират од човек на човек, но сојот од Андите, кој е идентификуван кај неколку луѓе на крузерот, се шири.
Сепак, ризикот за пошироката јавност останува многу низок, соопшти британското Министерство за одбрана.