📽️ АВИОН УДРИ ВО НАЈВИСОКАТА ЗГРАДА ВО ПЕКИНГ Делови од леталото и стакло паѓаа на улиците, мистерија околу жртвите

Мал авион удри во облакодерот „Кина Зун“ (CITIC Tower), највисоката зграда во Пекинг, по што беше покрената голема спасувачка операција. Кинеските власти засега не соопштуваат што ја предизвикало несреќата ниту дали има загинати или повредени.

2

Мал авион денеска удри во облакодерот „Кина Зун“ (CITIC Tower), највисоката зграда во Пекинг, по што на местото веднаш беа распоредени голем број полициски, пожарникарски и спасувачки екипи. Кинеските власти сè уште не објавија што ја предизвикало несреќата, ниту дали има загинати или повредени.

Очевидци за Ројтерс изјавиле дека се слушнал силен удар, по што делови од авионот и стаклената фасада почнале да паѓаат од високите катови на облакодерот. На зградата, која има 108 ката и е висока 528 метри, се забележани оштетувања на дел од стаклената фасада.






На социјалните мрежи се појавија видеа снимени од различни агли на кои се гледаат остатоци од авионот и искршено стакло како паѓаат кон улицата, додека спасувачките служби го обезбедуваат местото на несреќата. Според очевидци, полицијата брзо го затворила поширокиот реон околу облакодерот и им забранила на присутните да снимаат или фотографираат.

Според првичните информации во локалните медиуми, авионот полетал од аеродромот Шифоси околу 17:30 часот по локално време. За време на враќањето кон аеродромот, наводно отстапил од планираната рута и удрил во облакодерот. Овие информации, сепак, засега не се официјално потврдени.

До моментот на објавување на оваа информација, кинеската Администрација за цивилно воздухопловство, како и другите надлежни институции, не излегоа со официјално соопштение за причините за несреќата. Не се познати ниту околностите под кои мал авион успеал да навлезе во строго контролираниот воздушен простор над центарот на Пекинг, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу целиот инцидент.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини