📽️ 📷 АТЕНТАТ ВРЗ КРЕАТОРОТ НА ДРОНОТ „ВАМПИР“ Нов мистериозен напад во Русија, директорот се бори за живот
Во експлозијата кај Екатеринбург загинаа возачот и телохранителот на Владимир Ткачук, додека директорот на „Уралдронзавод“ е во тешка состојба. Истражните органи отворија постапка за обид за убиство.
Директорот на компанијата „Уралдронзавод“, Владимир Ткачук, производител на FPV-дроновите „Вампир“, е тешко повреден во експлозија на автомобил во местото Болшој Исток, во близина на Екатеринбург, додека неговиот возач и телохранител загинале, јавуваат руските медиуми.
Според агенцијата Ројтерс, инцидентот наликува на најнов во серијата целни напади во Русија поврзани со војната во Украина.
Повикувајќи се на извори од службите за итни случаи, руската агенција ТАСС објави дека Ткачук е префрлен на интензивна нега во тешка состојба, а истражните органи отвориле кривична постапка поради сомнение за обид за убиство.
Телеграм-каналот „Маш“ објави дека во експлозијата загинале возачот и телохранителот на директорот на фабриката.
❗️Vladimir Tkachuk, head of the Uraldronzavod plant that produces Upyr drones in Russia, was blown up.
He survived and is in the hospital in critical condition.
Upyr is a Russian FPV drone used against Ukraine since 2023. Some of their parts are 3D printed. pic.twitter.com/tREZx1kR6B
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 5, 2026
Според руски воени блогери, нападот се случил во вторникот, но информациите биле објавени дури следниот ден, кога за случајот почнале да известуваат и поголем број руски медиуми.
Порталот „Маш“, повикувајќи се на извори од руската полиција и безбедносните служби, наведува дека автомобилот „Мерцедес“ на Ткачук бил уништен од експлозивна направа поставена под возилото.
Компанијата „Уралдронзавод“, основана во 2023 година, произведува FPV-дронови „Вампир“. Според деловната база „Контур Фокус“, минатата година компанијата остварила приход од околу шест милијарди рубљи. Порталот „Важни приказни“ претходно објави дека токму Ткачук е креатор на дронот „Вампир“ и дека идејата за производство на камиказе-дронови ја добил во есента 2022 година.
Пред да започне со производство на дронови, Ткачук работел на развој на синџир аптеки на Урал, а од 2021 година работи како самостоен претприемач. Во 2017 година на социјалната мрежа ВКонтакте ја основал групата „Опседнати со војната“, која денес има околу 186.000 следбеници, додека истоимениот Телеграм-канал го следат повеќе од 659.000 луѓе.
Vladimir Tkachuk, CEO of Uraldronzavod and creator of Russia’s Upyr FPV attack drones, was seriously wounded in an assassination attempt near Yekaterinburg.
An explosive device planted under his Mercedes detonated, destroying the car.
His driver/bodyguard was killed, and… pic.twitter.com/Y5urrH9WcA
— Clash Report (@clashreport) August 5, 2026
Руските медиуми наведуваат дека Ткачук со средства собрани од своите следбеници ја финансирал изградбата на производствениот погон и набавката на опрема за производство на првите дронови.
Ројтерс потсетува дека Русија и претходно ја обвинуваше Украина за неколку атентати врз високи воени функционери и лица поврзани со воените активности на Москва. Украина презеде одговорност за дел од нападите, додека за други ги отфрли обвинувањата. Киев засега не го коментира најновиот инцидент.
Веста за експлозијата доаѓа кратко откако рускиот претседател Владимир Путин го назначи Денис Лјамин за командант на новоформираните руски сили за беспилотни системи – гранка на армијата составена од единици што управуваат со дронови.