„АКО НЕ НЀ САКААТ ВО ВЛАДА, ЌЕ ОДИМЕ ВО ОПОЗИЦИЈА“ Таравари му одговори на Меџити

„Генерално, ние сме заинтересирани да продолжиме во Владата, но тоа зависи од премиерот“, изјави министерот за здравство.

1,897

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека повеќе не гледа простор за соработка со коалицијата Вреди и дека не ја исклучува можноста за предизборна соработка со Демократската унија за интеграција (ДУИ) во вториот круг од локалните избори.

Во гостување во емисијата „Стадион“ минатата недела, Таравари посочи дека веќе имал комуникација со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.






– Со Ахмети не сум се сретнал, но сме се слушнале по телефон. Начелно мислам дека треба да одиме сами, но не ја исклучувам можноста во втор круг некаде со ДУИ да се поддржуваме – рече Таравари.

Изјавата доаѓа откако лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, јавно побара Таравари и неговата партија Алијанса за Албанците да ја напуштат Владата.

– Ние не сме родени во Влада. Ако сметаат дека треба да бидеме во Владата, ќе продолжиме. Ако не – ќе одиме во опозиција. Генерално, ние сме заинтересирани да продолжиме во Владата, но тоа зависи од премиерот – изјави министерот за здравство.

Поврзани содржини