АИТОНИКС ГО ПРЕТСТАВИ НОВОТО AI PC ПОРТФОЛИО НА DELL Беспрекорна продуктивност при лична и при професионална употреба

Dell наскоро ќе го прошири своето портфолио со повеќе AMD и Snapdragon X Series процесори, како и нови уреди во основниот и премиум сегмент.

57

Во соработка со AITONIX, официјален дистрибутер на Dell во Македонија, Dell продолжува да го поставува стандардот за AI-потпомогнато компјутерство, со новата серија елегантни лаптопи, моќни работни станици и разновидни десктоп компјутери, создадени за лична и за професионална употреба.

Dell го претстави новото AI PC портфолио, кое вклучува уреди создадени за професионалци кои бараат моќна локална AI обработка преку вградени NPU-и. Тие нудат напредни функции како Recall и Cocreator, подолг век на батерија и подобрена безбедност, идеални за продуктивност и креативност на највисоко ниво.






Претставувајќи ја оваа иновативна серија, Саша Ристеска, продукт менаџер за Dell во AITONIX, изјави:

– Dell секогаш е посветен на создавање уреди кои не само што го подобруваат искуството на корисниците, туку и ја подобруваат продуктивноста на професионалците. Нашето ново AI PC портфолио обезбедува брзина, безбедност и врвни перформанси, што овозможува незабележлива интеграција на технологијата во секојдневната работа.

Со поедноставена понуда, сега е полесно од кога било да се избере вистинскиот AI PC благодарение на трите категории: Dell – дизајниран за забава, учење и работа; Dell Pro – фокусиран на професионална продуктивност и Dell Pro Max – за максимални, бескомпромисни перформанси.

Dell Pro: постојана бизнис моќ

Серијата Dell Pro носи врвни деловни лаптопи и десктопи со процесори Intel Core Ultra (Series 2, V и U SKUs) и AMD Ryzen, кои нудат подобрени AI способности, продолжен век на батеријата и напредна безбедност. Овие уреди се дизајнирани за професионалци кои бараат мобилност, издржливост и непречена продуктивност во канцеларија, дома или во движење.

Dell Pro 13/14 Premium – Ултра-лесни лаптопи со тежина од само 1. 070 грама, до 21,2 часа траење на батеријата и 51% подолг век на траење во споредба со претходните модели. Нудат 36% побрзи перформанси и 3,5 пати побрз AI од претходната генерација. Опремени со 8MP HDR камера за напредна соработка и нов двоен вентилаторски систем за тивко работење, овие лаптопи ги поставуваат новите стандарди во мобилната продуктивност.

Dell Pro 13/14/16 Plus – Најскалабилниот лаптоп за деловна употреба, достапен во повеќе конфигурации и форми (стандард и 2-во-1), со големини од 13, 14 и 16 инчи. Нуди 50% рециклиран алуминиум и поддршка за USB, HDMI, Thunderbolt, 5G и Wi-Fi 7 за максимална поврзаност. Опремен е со просторен 16:10 дисплеј за поголема продуктивност и мултитаскинг, како и MIL-STD тестирање за издржливост во најразлични работни средини.

Dell Pro 14/16 – Основниот модел во Dell Pro серијата, дизајниран за секојдневна продуктивност со ниска потрошувачка на енергија и долготрајна батерија. Достапен со металик финиш во сребрена и магнетит (темно сива) боја, со опција за енергетски ефикасен дисплеј што го продолжува времетраењето на батеријата.

Dell Pro десктопи – Достапни во микро, тенок и tower дизајн, овие десктопи користат Intel Core Ultra (Series 2, U SKUs) и AMD Ryzen процесори, овозможувајќи подобра енергетска ефикасност и AI-оптимизирани перформанси. Со можност за професионални графички картички и напредни можности за поврзување, тие се совршени за канцелариски и креативни работни опкружувања.

Dell Pro Max: За интензивни работни задачи кои го бараат само најдоброто

Dell Pro Max е создаден за најсложените апликации, со напредни процесори и професионални графички решенија за AI задачи и дизајн. Оптимизиран за инженери, архитекти и аналитичари на податоци, овие уреди овозможуваат непречена работа со комплексни софтверски апликации и машинско учење.

Dell Pro Max 14/16 – Лесен и модерен дизајн со поддршка за NVIDIA RTX 2000 Ada Generation Laptop GPU. Новиот 16-инчен модел нуди QHD+ резолуција, 16:10 аспект со опционален екран на допир, овозможувајќи врвна визуели за дизајнери и инженери.

Dell Pro Max десктопи – Овие прилагодливи десктоп компјутери поддржуваат различни индустриски апликации, како што се архитектура, дизајн, графика, анализа на податоци и овозможуваат полесни AI задачи. Достапни во микро, тенок и tower дизајн, овие десктопи нудат професионална графика NVIDIA RTX и AMD опции за моќни и сложени работни процеси.

Одржливост и лесно управување

Dell продолжува да ја потврдува својата посветеност на одржливиот развој преку низа иновативни иницијативи. Модуларниот USB-C порт е до четири пати поиздржлив и полесен за поправка, што значително ја намалува потребата од сервисирање. Модуларната главна плоча и I/O плочи ја подобруваат одржливоста на сервисирање и придонесуваат за намалување на електронскиот отпад. Новите батерии, кои содржат 80% помалку кобалт, се поеколошки и поодржливи за иднината. Дополнително, користењето на 50% рециклиран алуминиум, рециклиран челик и био-базирана пластика помага во намалување на емисијата на јаглерод и минимизирање на влијанието врз животната средина.

Dell PC: Совршени за мултитаскери

Dell нуди и уреди за корисници надвор од деловното опкружување. Новите Dell 14 Plus & 16 Plus лаптопи нудат балансирана продуктивност и флексибилност, со AI-поддршка и 39% подолг век на батеријата. Овие уреди се за 14% потенки и нудат напредни можности за мобилна работа. Опремени со Copilot+ PC технологии, тие го подобруваат начинот на работа со AI-асистирани функции за побрзо завршување на задачите.

Иднината на Dell AI PC

Dell наскоро ќе го прошири своето портфолио со повеќе AMD и Snapdragon X Series процесори, како и нови уреди во основниот и премиум сегмент. Со подобрен дизајн, нови технологија и врвна продуктивност, Dell AI PC платформите поставуваат нови стандарди за модерното работно опкружување.

АИТОНИКС АД е официјален дистрибутер на Dell Technologies во Македонија за сториџи, сервери, back up решенијиа како и commercial сегментот, бизнис производи лаптопи, десктопи, монитори итн. Компанијата е со докажана експертиза и 25-годишно искуство во дистрибуцијата на ИТ производи и изработката на софтверски решенија.

Поврзани содржини