ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЛ ЗНАЧКАТА НА ТАТКА СИ Полицаец и неговиот син заработија пријава и дисциплинска постапка

Имено, по преземени мерки било констатирано дека Ф.Х. на 21.03.2025, управувајќи приватно моторно возило, следел друго лице и во близина на село Смилковци и клучка Стајковци се претставил како полициски службеник и ја покажал службената легитимација на неговиот татко, се вели во полицискиот билтен.

448

Полицијата поведе дисциплинска постапка за полицаец од Сарај откако неговиот син ја злоупотребил службената значка на татка си, информираше Министерството за внатрешни работи. Против синот ќе биде поднесена кривична пријава за дело „насилство“, велат од МВР.

„Имено, по преземени мерки било констатирано дека Ф.Х. на 21.03.2025, управувајќи приватно моторно возило, следел друго лице и во близина на село Смилковци и клучка Стајковци се претставил како полициски службеник и ја покажал службената легитимација на неговиот татко“, се вели во полицискиот билтен.






Понатаму во соопштението се вели:

„Додека, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди констатира дека полицискиот службеник И.А.Х., дозволувајќи неговата службена легитимација да биде употребена за лични цели од неговиот син, постапил спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи и против него ќе поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за нарушување на работниот ред и дисциплина“.

Поврзани содржини