МАЛОЛЕТНИК ИЗБОДЕН ОД ДРУГ МАЛОЛЕТНИК Случај на врсничко насилство во Шуто Оризари

Мајката навела дека нејзиниот син бил физички нападнат од четворица малолетници, при што еден од нив го повредил со остар предмет.

248

Дванаесетгодишно момче заврши во болница со повреди нанесени со остар предмет по инцидент што се случил во скопската населба Шуто Оризари во петокот.

Од болницата „Св. Наум Охридски“ случајот го пријавиле во полиција, а според првичните информации, повредите му ги нанел друг малолетник.






Подоцна во полициското одделение пријава поднела и мајката на уште едно малолетно момче, која навела дека нејзиниот син бил физички нападнат од четворица малолетници, при што еден од нив го повредил со остар предмет.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини