ЈА ОГРАБИЛ ВО ВЛЕЗ ОД ЗГРАДА СРЕДЕ БЕЛ ДЕН Жена нападната во Аеродром
Жена била ограбена во влез од зграда во Аеродром, а напаѓачот ѝ одзел пари, документи и телефон.
Жена од скопската населбата Аеродром пријавила грабеж во влез од зграда. Напаѓачот употребил физичка сила и ѝ го одзел паричникот.
Во него имало пари, лични документи и мобилен телефон.
„Во влез од зграда на подрачјето на Аеродром, со физичка сила ѝ бил одземен паричникот со пари, документи и мобилен телефон“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Напаѓачот избегал од местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот, информира полицијата.