МАСТЕРБЕТ ЌЕ ГО ПРИДРУЖУВА ШАМПИОНОТ СИЛВИО МИРОВСКИ ВО НОВИ УСПЕСИ Следува Европскиот куп во Хрватска

На Светскиот куп кој што се одржа во Лидо ди Јесоло, Италија, од 10 до 15 март годинава, Мировски го освои златниот медал и ја потврди титулата светски јуниорски шампион.

0

Компанијата Мастербет продолжува со поддршката на младите спортски таленти и во промоција на врвните спортски вредности, преку поддршка на еден од најуспешните македонски кик-боксери од младата генерација – Силвио Мировски.

Силвио Мировски веќе девет години активно се занимава со кик-бокс и важи за еден од најперспективните млади спортисти во Македонија. Настапува во категоријата до 71 килограм и зад себе има импресивни резултати на најголемите меѓународни натпреварувања.

На Светскиот куп кој што се одржа во Лидо ди Јесоло, Италија, од 10 до 15 март годинава, Мировски го освои златниот медал и ја потврди титулата светски јуниорски шампион. На патот до највисокото одличје, тој оствари убедливи победи над натпреварувачи од Швајцарија, Шпанија, Туркменистан во полуфиналето и во финалето.

Покрај светската титула, Мировски има и сребрен медал од Европско првенство, како и бројни настапи на светски и европски купови, со висок процент на победи, што го позиционира меѓу најдобрите млади кик-боксери во земјата.

Мастербет го поддржа неговиот настап на Светското првенство, а соработката продолжува и за неговиот следен голем предизвик – Европскиот куп кој ќе се одржи на 1 мај 2026 година во Вараждин, Хрватска.

– Поддршката на млади и успешни спортисти како Силвио Мировски е дел од нашата посветеност кон развојот на спортот и создавање позитивни приказни кои инспирираат. Веруваме дека успехот се гради со труд, дисциплина и вистинска поддршка, а Силвио е вистински пример за тоа – велат од Мастербет.

Со ова спонзорство, Мастербет уште еднаш ја потврдува својата општествена одговорност и посветеност кон поддршка на младите таленти кои достојно ја претставуваат Македонија на светската спортска сцена.

 

Поврзани содржини