📽️ КОД НА МОБИЛЕН ЗА ДА НЕМА ГРЕШКИ ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Возачите ќе се верификуваат за казните да стигнуваат на точна адреса
Возачите ќе добиваат код на својот мобилен телефон и на е-мајл при регистрација на своите возила. Новата пракса на МВР е со цел да се избегнат грешки при праќањето на санкциите од системот „Безбеден град“.
Сопствениците на возилата добиваат код на својот мобилен телефон и електронската адреса при регистрација на возилото, соопшти Министерството за внатрешни работи. Целта е да се избегнат какви било грешки при испраќањето на санкциите од системот „Безбеден град“.
„При регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот на МВР ќе го остави бројот од својот мобилен телефон и електронска меил адреса, на својот мобилен телефон и на електронската меил адреса добива порака со код за верификација и потврда дека бројот што го оставил е лично негов“, се вели во соопштението.
Санкциите од „Безбеден град“ и понатаму ќе бидат праќани преку СМС порака и на меил адресата на сторителот на прекршокот.