ТИГАР УСМРТИ МОМЧЕ НА ФАРМА ЗА ДИВИ ЖИВОТНИ Трагедија при снимање видео за Тик-Ток

Полицијата го уапси сопственикот на приватната зоолошка градина и Тик-токерот што ја снимал водео-содржината со тигарот.

0

Деветнаесетгодишно момче почина од сериозни повреди откако беше нападнато од тигар на приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахор, а полицијата уапси три лица, вклучувајќи го сопственикот на фармата и маж познат на социјалните мрежи како Тик-токер, Ноуман Хасан.

Нападот се случил на фарма кога, според полициското соопштение, корисник на ТикТок дошол на имотот за да снима содржина со тигарот.






За време на снимањето, животното ја изгубило контролата и го нападнало 19-годишниот земјоделски работник Талха, кој се здобил со животозагрозувачки повреди. Младиот човек бил однесен во приватна болница, каде подоцна починал.

Според локалните медиуми, тигарот претходно бил изнесен од кафезот за со него да се снима видео-содржина за социјалните мрежи. Во времето на нападот, животното било надвор од кафезот, врзано со долг синџир.

Поврзани содржини