📽️ МАКЕДОНСКИТЕ ЛЕКАРИ ВО ГЕРМАНИЈА ПРИЗНАА ДЕКА НЕ МОЖАТ БЕЗ НЕА…Елена Петреска и Сања Лефкова ги расположија членовите на медицинската дијаспора со македонскиот евергрин
Елена Петреска и Сања Лефкова ги развеселија македонските лекари, стоматолози и медицински стручњаци кои живеат и работат во Германија, со своите музички настапи на кои, освен со странски хитови, ги кренаа на нозе и со заедничката изведба на еден од најголемите македонски евергрини, песната „Признавам“ на Маријана и Росана
Македонските лекари, стоматолози и медицински стручњаци кои живеат и работат во Германија покажаа дека, каде и да се, не ја забораваат македонската песна. На првиот научен конгрес на македонската медицинска дијаспора, одржан во Солинген, Елена Петреска и Сања Лефкова се погрижија професионалната средба да добие и музичка, емотивна страна.
Двете пејачки ги развеселија присутните со своите настапи, а особено ги воодушевија кога заедно запеаја еден од најголемите македонски евергрини, премиерно изведен на фестивалот „Макфест“ во 1988 година. Штом ги препознаа добро познатите стихови, присутните им се придружија и сите во глас ја пееја песната, претворајќи го настапот во вистински момент на заедништво и носталгија.
View this post on Instagram
И двете пејачки денес живеат надвор од Македонија. Елена Петреска е во Белгија, додека Сања Лефкова живее во Германија.
View this post on Instagram
На конгресот, одржан на 7 ноември под мотото „Медицината спојува 2026 – Интердисциплинарни одлуки и безбедност на пациентите“, присуствувале околу 170 македонски лекари, стоматолози и медицински стручњаци од Германија.
Целта на првиот научен конгрес е размена на знаења и професионални искуства, како и отворање дискусија за современите предизвици во медицината. Една од важните теми била и можноста искуствата стекнати во германскиот здравствен систем да се пренесат во Македонија преку соработка со домашните болници, клиники и медицински факултети.