🎥 АВТОМОБИЛ УДРИ ВО ГРУПА ПЕШАЦИ ВО ГЛАЗГОВ Повредени се 8 луѓе

Засега нема индиции дека се работи за напад со возило и за намерно прегазување на пешаците.

0

Автомобил денеска попладне удри во група пешаци во западниот дел на Гласгов, по што полицијата го затвори патот и ги повика луѓето да ја избегнуваат областа.

Полицијата на Шкотска соопшти дека сообраќајната несреќа, во која учествувале автомобил и повеќе пешаци, се случила во 15:45 часот по локално време.






Полициските сили сè уште немаат потврдено колку точно пешаци се прегазени.

„Патот Хајндленд во Глазгов е затворен по сообраќајната несреќа во која учествуваа автомобил и повеќе пешаци, а која се случи околу 15:45 часот во вторникот, 10 ноември. Итните служби се на терен и апелираме до возачите да ја избегнуваат оваа област“, соопшто локалната полиција.

Според медиумите, повредени се 8 пешаци.

Снимките и фотографиите споделени на социјалните мрежи покажуваат голем број припадници на итните служби на патот, заедно со повеќе полициски возила, возила на брзата помош и противпожарни возила.

Засега нема индиции дека се работи за напад со возило и за намерно прегазување на пешаците.

Поврзани содржини