СЕ СОБИРААТ ПАРИ ЗА ИТНА ПОПРАВКА НА КУПОЛАТА НАД ЧЕРНОБИЛ Потребни се 500 милиони евра, собрани се 260 милиони
Во Париз денеска се одржува донаторска конференција за собирање пари за поправка на заштитната купола на нуклеарната централа во Чернобил, што беше оштетена при напад со руски дрон во февруари 2025 година.
Во Париз денеска се одржува донаторска конференција за собирање пари за поправка на заштитната купола на нуклеарната централа во Чернобил, што беше оштетена при напад со руски дрон во февруари 2025 година.
– Од потребните 500 милиони евра, 260 милиони веќе се собрани. Треба да ја обезбедиме целата сума до следната пролет – изјави францускиот министер за економија Ролан Лескир.
Донаторската конференција е организирана во рамките на француското претседателствување со Г7, во соработка со украинската влада и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Украинскиот заменик-министер за енергетика Анатолиј Куцевол изрази увереност дека партнерите ќе можат да ги соберат потребните средства.
Француската влада нагласи дека, поради обемот и сложеноста на штетата, мора итно да се санираат штетите.
Заштитната метална купола, поставена во 2016 година, го покрива оригиналниот бетонски саркофаг, изграден по експлозијата на реакторот во април 1986 година.
Кон крајот на април САД објавија дека ќе донираат до 100 милиони долари, предупредувајќи дека без поправки, структурата повеќе нема да може да обезбеди соодветна заштита од радиоактивно протекување