📽️ „КАКО НЕ Ѝ Е СРАМ ВАКА ДА ЗВУЧИ?“ Тејлор Свифт на мета на критики за пеењето во живо

Снимките од настапот на Тејлор Свифт во Лос Анџелес предизвикаа лавина критики. Дел од публиката тврди дека пејачката не може да го погоди тоналитетот, други ја бранат.

0

Тејлор Свифт се најде на удар на критики по настапот на шестата гала-вечер на Музејот на Академијата за филм во Лос Анџелес. Снимките од нејзината изведба се проширија на Тик-Ток, а дел од гледачите беа прилично остри во оцените за нејзиното пеење, тврдејќи дека пејачката не може да го погоди тоналитетот и дека звучи како да ја пее песната на караоке.

Свифт настапи на 17 октомври пред бројни познати гости, а вечерта ја искористи и за првата изведба во живо на песната „The Fate of Ophelia“, од албумот „The Life of a Showgirl“. Во нејзиниот сет беа и песните „Blank Space“, „Love Story“ и „I Knew It, I Knew You“, песната што ја сними за филмот „Toy Story 5“.






На една од снимките што станаа вирални, корисничка на Тик-Ток напишала дека на почетокот помислила дека гледа караоке-настап, прашувајќи се зошто изведбата звучи толку лошо. Други коментари ја повикуваа пејачката „да го најде вистинскиот тоналитет“, а некои тврдеа дека воопшто не е усогласена со музиката. Еден корисник дури се пошегува со насловот на песната, нарекувајќи ја „The Fate of the Note“ – „Судбината на нотата“.

Критиките не застанаа тука. Во друго видео, една корисничка детално ја анализирала вокалната изведба на Свифт и ја споредува со придружните пејачки. Според неа, нивните посилни гласови, поширокиот вокален опсег и професионалната изведба уште повеќе ги истакнуваат слабостите на главната пејачка. Таа се запраша како по 20 години професионална кариера Свифт сè уште може да звучи така, споредувајќи ја со вокалните можности на Витни Хјустон, Мараја Кери, Ејми Вајнхаус и Ела Фицџералд.

Сепак, реакциите не беа едногласно негативни. Дел од обожавателите ја бранеа пејачката, фалејќи ги песната и нејзината сценска енергија. Една обожавателка напиша дека ја сака Свифт, но дека не ѝ е јасно што се случува со нејзиниот глас на оваа снимка. Други потсетиле дека таа можеби не е меѓу најмоќните вокалистки, но дека нејзината најголема сила е пишувањето песни.

Настапот предизвика дополнително внимание и затоа што беше првпат по речиси две години Свифт да настапи повторно со својот бенд, по завршувањето на турнејата „Ерас“ во декември 2024 година. Самата пејачка по гала-вечерта напиша дека повторното свирење со музичарите било посебно доживување.

Поврзани содржини