„ГОРЕ ГЛАВАТА“ Генералниот секретар на НАТО Руте со порака до Трамп по изборниот пораз

Малку е веројатно војната на Русија во Украина да заврши со победа на некоја од двете страни, ваквите конфликти обично завршуваат со мировен договор во кој се предвидени одредени компромиси, рече генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

0

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека на американскиот претседател, републиканецот Доналд Трамп, му порачал „Горе главата“ по изборите за Конгресот на САД, на кои Демократската партија освои мнозинство во двата дома на Конгресот.

Поранешниот премиер на Холандија рече и дека НАТО е „платформа на која Американците можат да ја покажат својата сила“.






– Тоа во голема мера е во наш интерес, имајќи предвид дека ние, Европејците, сè уште не сме во состојба тоа да го направиме сами – истакна Руте.

Тој рече и дека малку е веројатно војната на Русија во Украина да заврши со победа на некоја од двете страни. Руте оцени дека ваквите конфликти обично завршуваат со мировен договор во кој се предвидени одредени компромиси.

Тој додаде дека Европа мора да остане внимателна во однос на заканата од Русија и по завршувањето на војната во Украина.

Поврзани содржини