📽️ СЕМЕEН СОБИР НА МОДНАТА РЕВИЈА НА „ЈИЗИ“ Канје Вест позираше со своите деца, Бјанка Цензори повторно во центарот на вниманието
Канје Вест се појави со сите четири деца на ревијата на „Јизи“ во Лос Анџелес, додека Бјанка Цензори повторно привлече внимание со провокативната облека.
Канје Вест имаше посебна причина за насмевка на најновата модна ревија на својот бренд „Јизи“ во Лос Анџелес. Раперот се појави со сите четири деца што ги има со поранешната сопруга Ким Кардашијан, а покрај него беше и сегашната сопруга Бјанка Цензори, која повторно привлече внимание со својот провокативен изглед.
На настанот, одржан во средата, 4 ноември, до 49-годишниот музичар беа Норт (13), Сент (10), Чикаго (8) и Псалм (7). Иако најчесто во јавноста може да се види со најстарата ќерка, заедничките фотографии со сите четири деца се вистинска реткост.
Норт се појави со долга сина коса и сини контактни леќи, во црна комбинација со предимензиониран капут и чизми. Трите помали деца беа облечени во еднобојни комбинации во сиви и крем нијанси. Канје, пак, избра црна кожна облека, а на фотографиите позираше насмеан покрај своите деца.
View this post on Instagram
Како и многупати досега, Бјанка Цензори успеа да го привлече вниманието со изборот на облека. 31-годишната архитектка носеше тесно беж-боди со длабоко деколте и патент спуштен речиси до папокот, со што ги откри стомакот и голем дел од деколтето. Со Норт позираше и пред фотографите.
Ревијата, наречена „Season 01“, го означува враќањето на „Јизи“ на модната сцена по четиригодишна пауза. Наместо класична модна писта, манекените се движеа во круг околу голема бела конструкција, а меѓу гостите беа и музичарите Кид Кади, Биг Шон и 2 Чејнз.
View this post on Instagram