ДОДЕКА БИЛ БАРАН СО ПОТЕРНИЦА ОД МАКЕДОНИЈА СЕ СРЕЌАВАЛ СО ЗАЕВ ВО НЕГОВАТА ВИЛА ВО ГРЦИЈА!? Признание на актуелниот организациски секретар на СДСМ Зоран Трифуновски – Жабата

Трифуновски се гонеше за обид за убиство, но доби повторно судење, а пресудата беше донесена во време кога СДСМ беше вратена на власт. Тогаш, истиот судија, кој му одреди 6 години и 4 месеци затвор, потоа донесе ослободителна пресуда.

1

Зоран Трифуновски-Жаба, организациски секретар во СДСМ, во „Претрес со Ландов“ потврди дека се сретнал со Зоран Заев во Грција пред да се врати во Македонија по бегството во Шпанија.

Трифуновски во 2013 година беше обвинет дека учествувал во прободувањето на директорот на Водовод-Охрид за време на митинг на СДСМ, поради претходно нерасчистени сметки поврзани со тендер. Но, во разговорот даде различни формулации за местото на средбата со Заев пред да се предаде на органите во Македонија.






Прво рече дека бил во вилата, а потоа појаснуваше дека разговарале во близина на вилата. На прашањето колкупати бил во куќата на Заев во Грција заедно со сопругата, Трифуновски одговори дека бил еднаш, но без неа. Откако водителот Кристијан Ландов го праша дали тоа значи дека Заев го примил во вилата додека бил баран со потерница во Македонија, Трифуновски даде поинакво објаснување.

– Не во вилата, во близина на вилата имав разговор – рече тој.

Организацискиот секретар на СДСМ потврди дека Заев бил меѓу луѓето што му помогнале додека бил во бегство.

– Еден од пријателите што ми помогнаа и на кои сум им благодарен е Заев – изјави Трифуновски, додавајќи дека поддршка добивал и од други пријатели од СДСМ.

Тој не одговори директно на прашањето дали се криел во вилата на Заев. Појасни и колку време останал во Грција, пред да дојде во Македонија и да се предаде.

Трифуновски доби повторно судење, а пресудата беше донесена во време кога СДСМ беше вратена на власт. Тогаш, истиот судија, кој му одреди 6 години и 4 месеци затвор, потоа донесе ослободителна пресуда.

Зоран Трифуновски, познат како Жаба, роден 1979 година во Тетово, во моментов има значајна партиска функција во СДСМ, а неговото име и претходно се појавувало во медиумите во врска со полициски инциденти, судски предмет и обезбедување на партиски функционери.

Дипломирал на Факултетот за физичка култура и има магистратура по економија. Бил вработен на повеќе позиции во МВР, каде што работел од 2001 до февруари 2013 година. Бил дел од обезбедувањето на Радмила Шекеринска, во времето кога таа ја водела СДСМ, а се смета за човек близок на Миле Зечеввиќ.

Во 2013 година добил отказ од МВР поради учество во тепачка во скопскиот ноќен клуб „Аудиториум“, во која биле нападнати ракометари на Металург. Извесно време преминал во консултантски ангажмани и подоцна е вработен во Македонски телеком.

Во тој период неговото име се поврзува со нападот врз тогашниот директор на охридски „Комуналец“, Сашо Алчев, во 2013 година, кој беше прободен за време на митинг на СДСМ. Предметот, кој првично се водеше како обид за убиство, подоцна беше преквалификуван во изнуда, а во повторена постапка Трифуновски беше ослободен. Во меѓувреме Трифуновски ја напушти државата, и наводно престојувал во Шпанија. По враќањето, откако е ослободен од вина, со судска одлука во јануари 2014 година е вратен на работа, но потоа повторно бил отпуштен.

По смената на власта е поставен за в.д. директор на Железници – Инфраструктура. Во март годинава беше избран за организациски секретар на СДСМ, на местото на Мартин Костовски.

Поврзани содржини