СРПСКИОТ АКТЕР АМАР МЕШИЌ СЕ ВРАБОТИ ВО КОНЗУМ „Не можам да живеам само од глума“
Откако доби отказ во Србија поради своите политички ставови, актерот ја напушти земјата. Сега живее во Загреб кадешто глумеше во серијата „Во добро и во зло“, но деновиве почнал да работи и како продавач во „Конзум“.
Српскиот актер Амар Мешиќ, кој глумеше во хрватската серија „Во добро и во зло“, започна ново поглавје во животот – се вработи како продавач во супермаркетот „Конзум“ во Загреб. Актерот објави фотографии од својот прв работен ден, а со малку хумор им порача на следбениците дека мора да се работи, без оглед на тоа со што се занимаваш.
– Мора да се работи, што ми е тешко. Прв работен ден. Полека… Додека сè не биде како што треба. Повелете во Конзум. П.С. НЕ Е РЕКЛАМА – напиша тој на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Неговиот нов работен ангажман доаѓа по неколку тешки години во кои морал да се снаоѓа за да обезбеди егзистенција. Мешиќ претходно откри дека во 2023 година добил отказ од српската серија „Игра на судбината“, во која играл дотогаш. Како причина ги наведе своите политички ставови и јавната поддршка за протестите во Србија.
View this post on Instagram
По губењето на актерскиот ангажман заминал во Виена, каде што три месеци работел во градежништво, па дури и чистел станови од градежен отпад. Подоцна добил улога во хрватската серија „Во добро и во зло“, снимал и за словенечката серија „Немирна крв“, а работел и како водител на „Survivor“.
Не се срами од ниту една чесна работа
Ова лето актерот објави дека трајно се преселил во Загреб и дека планира да работи како продавач бидејќи не може да живее само од глума. Во интервју за „Глорија“ откри дека како слободен уметник заработува од проект до проект и дека нема редовна месечна плата.
– Глумата е мојата примарна професија, но додека не работам на некој проект, можам да работам милион и една друга работа – изјави тој.
Дури и кога добил понуди за административни работни места, ги одбил, објаснувајќи дека повеќе сака да работи работи за кои секогаш недостигаат работници.
Мешиќ откри и дека неколку месеци претходно му бил изгасен профилот на Инстаграм со околу 150.000 следбеници. Тврди дека станувало збор за организирани пријави од лажни профили од повеќе земји.
И покрај сите промени, актерот не се откажува од професијата и се надева дека повторно ќе добие улога во некоја серија во Србија.
– Не се откажувам, па немојте ни вие – им порача на своите следбеници.