📽️ СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ НА РУСИНКИТЕ ОД „ТАТУ“? Јулија и Лена повторно настапуваат заедно по повеќе од две децении
Јулија Волкова и Лена Катина од руското дуо „Тату“ повторно настапуваат заедно. Погледнете како изгледаат денес пејачките што ја освоија светската публика на почетокот на 2000-тите.
Руското дуо „Тату“ беше еден од најголемите музички феномени на почетокот на 2000-тите. Јулија Волкова и Лена Катина станаа светски познати со хитот „All The Things She Said“ и контроверзниот спот во кој, облечени во училишни униформи, се бакнуваа на дожд пред љубопитните погледи на другите ученици.
Повеќе од две децении подоцна, двете пејачки повторно се појавуваат заедно на сцената, но нивниот изглед и животните патишта се значително променети.
Особено внимание на последните настапи привлече Јулија Волкова (41), која многумина едвај ја препознале. Поранешната тинејџерска ѕвезда денес има многу поинаков изглед, со бројни тетоважи, пополни усни и нагласени јаболчници. Нејзината трансформација предизвика коментари кај обожавателите кои ја паметат како девојката од култниот спот од 2002 година.
View this post on Instagram
Волкова стана мајка на само 19 години, кога ја роди ќерката Викторија во 2004 година. Три години подоцна го доби и синот Самир, од бракот со Парвиз Јасинов. Нејзиниот живот беше исполнет и со контроверзии надвор од музиката. Во 2014 година предизвика бурни реакции со хомофобични коментари во телевизиско интервју, а во 2021 година се обиде да влезе и во политиката како кандидатка на руската партија Единствена Русија, но не успеа да освои пратеничко место.
View this post on Instagram
Нејзината поранешна колешка Лена Катина (42) избра поинаков пат. По распаѓањето на групата повеќе се посвети на соло-кариерата, објави три студиски албуми и поретко беше во центарот на медиумското внимание. Во 2015 година го роди синот Александар со тогашниот сопруг Саша Кузмановиќ, од кого се разведе во 2019 година.
Групата „Тату“ ја формираше музичкиот продуцент Иван Шаповалов во Москва во 1999 година. Нивниот имиџ на две заљубени тинејџерки беше внимателно осмислен маркетиншки концепт, а самите пејачки подоцна признаа дека не биле вистинска двојка.
Контроверзниот спот за „All The Things She Said“ беше забрануван и цензуриран во некои земји, но токму тоа дополнително придонесе за светската популарност на песната.
Иако низ годините имале несогласувања и повеќепати се разделувале, Волкова и Катина во меѓувреме ги надминале разликите и повторно настапуваат заедно, изведувајќи ги хитовите со кои ја освоија публиката пред повеќе од 20 години. Нивното враќање на сцената ги потсети обожавателите на времето кога „Тату“ беше едно од најпрепознатливите имиња на светската поп-сцена.
View this post on Instagram