🎥 НАПАЃАЧОТ НА ТЕНЕРИФЕ ХЕСУС ДЕ МИГЕЛ ПОЧИНА ОД ПОСЛЕДИЦИТЕ НА БРУТАЛНИОТ ГОЛМАНСКИ СТАРТ Голманот Овоно може да одговара за убиство од небрежност
Овоно (25), репрезентативец на Екваторијална Гвинеја, го деактивираше својот профил на Инстаграм откако гледачите на трибините му извикуваа „убиец“.
Трагедија го потресе шпанскиот, но и светскиот фудбал откако утрово беше објавено дека напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел, почина како последица на бруталниот старт на противничкиот голман Хесус Овоно што се случи на вчерашниот меч од втората шпанска лига помеѓу Тенерифе и Андора.
Во последните моменти од мечот Де Мигуел тргна во контранапад, кога брутално врз него стартуваше противничкиот голман Хесус Овоно. Фудбалерот на Тенерифе падна на тревата виткајќи се од болка. Само неколку моменти подоцна, според првичните информации, Де Мигуел доживеал срцев удар. Утрово беше објавено дека 30-годишниот фудбалер подоцн починал.
Овој брутален фудбалски старт со смртни последици го отвори прашањето дали голманот на Андора, би можел да сноси кривична одговорност. Шпанскиот закон предвидува затворска казна во траење до четири години за убиство од небрежност. Сепак, доделувањето црвен картон и трагичниот исход сами по себе не претставуваат доказ за сторено кривично дело.
Според шпанскиот весник „Спорт“, смртта на Де Мигел не треба да се третира само како спортска повреда, туку како потенцијално убиство од небрежност. Истрагата треба да утврди дали стартот на Овоно ги надминал границите на ризик прифатливи во фудбалот и претставува груба небрежност, што директно довело до смртниот исход. Засега не е покрената кривична постапка против Овоно.
Овоно (25), репрезентативец на Екваторијална Гвинеја, го деактивираше својот профил на Инстаграм откако гледачите на трибините му извикуваа „убиец“. Според извештајот на Радио КОПЕ (Radio COPE), извори од Андора наведуваат дека голманот немал зла намера и дека планирал лично да се извини на семејството на Де Мигел.
🔵⚪️ | Golpe fortísimo de Owono sobre Jesús de Miguel que hace que salten todas las alarmas. 🇪🇸👀
🙏🏼 Pronta recuperación a Jesús y que todo quede en un susto
🏟️ Tenerife – Andorra https://t.co/NXopIJ7p9H
— Laliga News (@laligaa_neews) November 2, 2026