ФИЛИПЧЕ И СДСМ ПРАВАТ ТЕРЕН НИВНИ БЛИЗОК БИЗНИСМЕН ДА ЈА КУПИ АЛТА БАНКА! Тоа е целта на притисокот врз НБРМ и Алта банка

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека планот на Филипче и на СДСМ е да создадат паника и хаос во банкарскиот свет, дека Алта банка е пред распаѓање и дека е неликвидна, за утре бизнисмен близок до Филипче и до Заев да ги откупи акциите за багателна цена.

70

Венко Филипче и СДСМ, со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска цена, обвини денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

– Откриен е планот на Филипче и СДСМ. Тоа што со месеци го правеа не беше поради некаков српски свет, туку поради бизнис интереси на Филипче и неговиот ментор Заев. Целта на Филипче и СДСМ во случајот со Алта банка е да создадат паника и хаос во банкарскиот свет, дека банката е пред распаѓање и дека е неликвидна, за утреден близок бизнисмен до Филипче и до Заев да ги откупи акциите за багателна цена – тврди Петрушевски.






Според него, еден од неколкуте докази што ја поткрепуваат таа теза е вчерашната прес-конференција на генералниот секретар на СДСМ Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на Алта банка, со што, според Петрушевски, тој прави кривично дело според член 315 од Казнениот законик.

– Прочитани се. Освен криминал, пари и корупција ништо друго не ги интересира. Затоа, им порачуваме на граѓаните, да бидат спокојни. Се додека премиер е претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ власт, плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат – рече пратеникот Петрушевски.

Поврзани содржини