📽️ ИНДИЕЦ ЗАГИНА ПРИ СУДИР НА ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ НА ЕВЕРЕСТ Во едното летало имало туристи кои биле претходно спасени

Еден индиски турист го загубил животот, а државјанин на Нов Зеланд бил повреден во судир на два хеликоптера во регионот на Монт Еверест. Едното летало превезувало туристи кои претходно биле спасени од планината.

68

Еден индиски државјанин загинал, а државјанин на Нов Зеланд бил повреден откако два хеликоптера се судриле при подготовка за слетување во регионот на Монт Еверест во Непал, соопштија денеска локалните власти.

– Инцидентот се случи во областа на базниот камп на Монт Еверест. Државјанинот на Нов Зеланд е спасен – изјави за Ројтерс, Каман Синг Тапа Магар, главен окружен службеник во округот Солукхумбу.






Хеликоптерите што учествувале во судирот биле во сопственост на приватните компании „Fishtail Air“ и „Dynasty Air“. Од „Fishtail Air“ соопштија дека нивниот хеликоптер превезувал патници кои претходно биле спасени од регионот на Еверест, а се урнал при слетувањето.

 

Индиецот и Новозеланѓанецот кои се наоѓале во леталото биле туристи, изјавил претставник на „Fishtail Air“. Претставник на „Dynasty Air“, пак, соопштил дека нивниот хеликоптер превезувал исклучиво товар.

Несреќата се случила во екот на планинарската сезона во Непал, кога хеликоптерите во овој регион превезуваат планинари и алпинисти, пренесува Ројтерс.

Поврзани содржини