🎥 АВИОН СЕ УРНА НА УЛИЦА ВО МЕКСИКО Падна една минута по полетувањето

Агенцијата AFAC објави дека двајцата во авионот загинале и дека е започната административна истрага за да се утврди причината за несреќата.

54

Две лица загинаа вчера кога авион „цесна 210“ се урна во Мексико. Авионот се урна кратко по полетувањето од Националниот аеродром Пачука во државата Идалго, потврдија воздухопловните власти.

Според Федералната агенција за цивилно воздухопловство на Мексико (AFAC), авионот, управуван од Grupo Aeroespacial Avspace, полетал во 9:30 часот по локално време и се упатил кон Меѓународниот аеродром Куернавака во државата Морелос. Се урна само една минута по полетувањето, за време на првичното искачување, на авенијата Тезонтле во населбата Вента Приета. Местото на несреќата се наоѓа на околу 500 метри од прагот на пистата, надвор од аеродромската зона.






Агенцијата AFAC објави дека двајцата во авионот загинале и дека е започната административна истрага за да се утврди причината за несреќата. Персоналот на управувањето со аеродромот Пачука бил на местото на настанот за да ги спроведе потребните процедури и да ја координира работата на службите за итни случаи.

Властите сè уште не ги објавија идентитетите на починатите, ниту детали за нивните улоги во авионот. Нема официјални информации за можен технички дефект, временски услови или други фактори што можеби влијаеле на летот. Исто така, не е потврдено дали имало повредени на земја или дали имало штета на згради или возила.

„Цесна 210“ е авион со еден мотор што се користи во приватната и општата авијација.

Поврзани содржини