ХАКИРАН РУСКИОТ СИСТЕМ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ВОЗДУШНИ НАПАДИ Зеленски вели дека тоа е одмазда од Украина
Претходно, Украина ја обвини Русија за кибер-нападот врз нејзината апликација за предупредување.
Хакирањето на рускиот систем за предупредување од воздушни напади од страна на Украина е одмазда за рускиот кибер-напад врз нејзината сопствена апликација за предупредување, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Ние само одговараме на нивните напади. Тие го нападнаа нашиот систем. Тоа беше кибер-напад, а природно е Украина да се брани – изјави Зеленски за американскиот радиодифузер PBS.
Апликациите за предупредување што ги користат двете страни во војната ги предупредуваат жителите за потенцијални воздушни напади, меѓу останатите закани.
– Русија постојано врши кибер-напади врз цели што имаат за цел да им наштетат на цивилите, вклучително и врз украинските банки и пензискиот систем – рече Зеленски.
Украинската апликација за воздушна опасност беше хакирана доцна во неделата, при што корисниците добиваа лажни предупредувања на нивните паметни телефони, вклучително и известувања за наводни нуклеарни напади. Неколку часа подоцна, вчера наутро, беше хакирана и апликацијата на руската агенција за цивилна заштита, која испрати лажни предупредувања.
Украина ја обвини Русија за кибер-нападот врз нејзината апликација за предупредување.