КРЕМЉ ГИ ОДБИ АМЕРИКАНЦИТЕ Невозможно е да се испорачува руски гас за Европа преку Украина

Ситуацијата на терен укажува дека плановите за враќање на испораките на руски гас за Европа преку Украина во моментов се невозможни, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

85

Ситуацијата на терен укажува дека плановите за враќање на испораките на руски гас за Европа преку Украина во моментов се невозможни, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во врска со информациите претходно објавени од Волстрит џурнал дека неименувани претставници изјавиле дека САД наводно бараат обновување на испораките на руски гас за Европа преку Украина, Песков рече дека „малку е веројатно дека за тоа сè уште може да се разговара“.






Песков истакна дека „во моментов ситуацијата на теренот“, благо речено, „покажува невозможност за спроведување на вакви планови“.

– Ќе видиме што ќе се случи во иднина. Сè ќе зависи од желбите на купувачите, желбите на продавачите и можностите на продавачите. Бидејќи, како што знаете, пазарот на гас е многу поголем од европскиот, иако европскиот пазар е примарен. Но, во исто време, знаете дека центрите на глобалниот економски раст се далеку од тоа да бидат во Европа. Тие, на крајот на краиштата, се на колективниот југ – заклучи Песков.

 

Поврзани содржини