НАРОДНА БАНКА НАЗНАЧИ ТРОЈЦА АДМИНИСТРАТОРИ ВО АЛТА БАНКА АД БИТОЛА Граѓаните во следните 3 месеци ќе може да вадат по 10.000 денари неделно

Народна банка апелира граѓаните да се воздржат од изјави што можат да создадат непотребна загриженост кај граѓаните. Секое хушкање на граѓаните е штетно по довербата на банкарскиот систем и директно ги погодува штедачите – рече Славески.

428

Извршниот одбор на Народната Банка на Македонија денешната седница донесе решение со кое се воведува администрација на Алта банка АД Битола со цел заштита на имотот на Банката. Мерката е од времен карактер и се носи исклучиво поради одземање на дозволата за работа и поведувањето стечај на акционерот со квалификувано учество Алта банка АД Белград.

Според гувернерот Трајко Славески, Алта банка Битола ги исполнува сите супервизорски стандарди, таа е високо капитализирана, ликвида и со солиден квалитет на кредитното портфолио.






– Воведувањето на администрацијата подразбира дека управувањето со имотот на Банката привремено преминува во надлежност на лица именувани од Народната банка. Со цел заштита на имотот на Банката во наредните денови ќе важат одредени ограничувања за плаќања на клиентите на Банката. Определен е неделен лимит за одлив од сметките на физичките лица во износ на 10.000 денари кој може да се користи со картичките издадени од Банката. Сите интерни плаќања во рамки на Банката за физички и за правни лица остануваат во неограничен износ – рече Трајко Славески на денешната вонредна прес конференција.

Тој повика граѓаните кои имаат кредити навремено да продолжат да ги исплаќаат.

– Народна банка апелира граѓаните да се воздржат од изјави што можат да создадат непотребна загриженост кај граѓаните. Секое хушкање на граѓаните е штетно по довербата на банкарскиот систем и директно ги погодува штедачите – рече Славески.

Тој соопшти дека вчера биле подигнати во готовина околу 2 милиони евра од Банката.

Максималниот рок на овие мерки е 3 месеци.

Славески информира дека има повеќе заинтересирани купувачи на акциите.

Алта банка од Белград има рок да ги продаде акциите кои ги поседува во Банката во Македонија.

Од Народната банка се определени тројца администратори.

Поврзани содржини