📷 ЈАНЕВСКА ПОКАЖА КАКО ЖИВЕЕЛЕ СТУДЕНТИТЕ ВО ВРЕМЕ НА СДСМ, А КАКВИ УСЛОВИ ИМААТ СЕГА Сѐ што треба да се поправи, ќе се поправи
Домот е под гаранција, фирмата е позната, сѐ што треба да поправи ќе поправи и ние ќе се држиме до тоа. Но, дека се рушат ѕидовите, дека течат покриви или дека се случува нешто друго, не е точно. Вие сами видовте - изјави министерката за образование Весна Јаневска.
Со директен увид во студентскиот дом „Стив Наумов“, министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ги отфрли обвинувањата на опозицискиот СДСМ за лоши услови за престој на студентите во овој дом.
– Денес видов дека СДСМ држеше прес. Партија синоним за лицемерие која рече дека е со студентите. Еве како беше во време на СДСМ за студентите. Во овие услови живееја студентите во времето кога тие беа со студентите. Вие видовте како оваа Влада е со студентите. Имавте прилика да влезете во домот и да видите – рече Јаневска.
Таа посочи дека домот е изграден од австриска компанија во соработка со Европската Унија и дека за време на посетите на европски претставници бил високо оценет.

– Не само ние, туку и европретставниците потврдија дека ова е еден од најубавите и најмодерните домови на Балканот, а во споредба и со некои други земји пошироко – истакна министерката.
Во однос на забелешките за одредени технички недостатоци, Јаневска рече дека е можно да се појават поединечни проблеми, но нагласи дека објектот е под гаранција и сите евентуални дефекти ќе бидат отстранети.
– Дали може да се случи некаков инцидент? Да, може да се случи, домот е нов . И стан кога купуваат граѓаните, може да се случи нешто да не е баш како што треба. Домот е под гаранција, фирмата е позната, сѐ што треба да поправи ќе поправи и ние ќе се држиме до тоа. Но, дека се рушат ѕидовите, дека течат покриви или дека се случува нешто друго, не е точно. Вие сами видовте – изјави таа.

Министерката апелираше до семејствата на студентите да не ги вознемируваат политички партии и други злонамерници.
– Децата им живеат во убави услови кои досега ги немало во оваа земја и ќе продолжат да живеат во исти такви услови. Доколку имаат каква било забелешка за живеењето во домот, ние тоа ќе го поправиме – рече Јаневска.
Таа најави дека наскоро во употреба ќе биде пуштен и студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, во кој, како што истакна, условите ќе бидат на исто ниво како во „Стив Наумов“.

– За многу скоро време ќе пуштиме во употреба уште еден друг дом – „Кузман Јосифовски Питу“, и таму условите ќе бидат на исто ниво како и овде. Така ние се грижиме за студентите – нагласи министерката Јаневска.