🎥ЗЕЛЕНСКИ КОНТРА ТРАМП, РАКЕТИРАНА РАФИНЕРИЈА ВО САМАРА Масовен напад врз Москва, еден загинат во Киев
Беспилотни летала рано утрово погодиле голема рафинерија за нафта во градот Новокујбишевск во регионот Самара, која работи како дел од државната компанија Роснефт, неколку часа откако американскиот весник Вол стрит џурнал објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски попуштил под притисокот на Доналд Трамп и ги запрел нападите врз руските енергетски објекти.
Неколку часа откако американскиот весник Вол стрит џурнал објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски попуштил под притисокот на Доналд Трамп и ги запрел нападите врз руските енергетски објекти, утрово во Русија избувна голем пожар во стратешка рафинерија за нафта.
Според извештаите од локални канали на Телеграм и локални медиуми, беспилотни летала рано утрово погодиле голема рафинерија за нафта во градот Новокујбишевск во регионот Самара, која работи како дел од државната компанија Роснефт.
Жителите пријавуваат силни експлозии и противвоздушна одбрана од рано наутро, а воздушната тревога официјално беше прогласена околу 6 часот, кога нападите веќе беа во полн ек. Локалниот аеродром беше веднаш затворен за сообраќај, додека пристигнуваат слики од густ црн чад и пожар во фабриката, која годишно обработува околу 8,8 милиони тони сурова нафта и произведува авионско гориво за руските воздухопловни сили и дизел.
🔥🛢️ After a prolonged pause in Ukrainian strikes on Russian oil refineries, a massive overnight drone attack targeted the Novokuybyshevsk refinery near Samara, Russia, on October 30.
The Rosneft-owned refinery has an annual processing capacity of 8.8 million tonnes of crude oil and also produces jet fuel for Russian military aviation.
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) October 30, 2026
Нападот врз рафинеријата во Самара се случи веднаш откако Вол стрит џурнал, повикувајќи се на запознаени извори, објави дека украинската војска неофицијално ги прекинала нападите врз руските рафинерии на почетокот на минатата недела под директен притисок од Вашингтон. Тоа примирје требало да трае барем до крајот на американските среднорочни избори, а можеби и подолго.
Американскиот претседател Доналд Трамп отворено го критикува украинскиот претседател Володимир Зеленски за нападите врз руските енергетски објекти, обвинувајќи го за зголемување на цените на горивата на светскиот пазар.
– Сè што прави е зголемување на цената на нафтата во светот. Мислам дека е срамота – рече Трамп, додавајќи дека Украина не му прави услуга на светот кога ги таргетира рафинериите што произведуваат дизел гориво потребно на глобалниот пазар.
⚡️ Has Ukraine resumed its strikes on Russian oil refineries?
A major oil refinery owned by Rosneft is on fire in Novokuybyshevsk, in Russia’s Samara region.
The facility produces jet fuel for the Russian Armed Forces.
The area is engulfed in smoke, with three spectacular plumes rising into the sky.
Isn’t it a beautiful sight, folks?
— NEXTA (@nexta_tv) October 30, 2026
Иако Трамп претходно ја објави можноста за договор за заштита на енергетската инфраструктура, Зеленски јавно изјави дека Киев не се согласува на такво примирје додека Русија безмилосно ги уништува украинските градови и енергетската мрежа.
Нападот врз рафинеријата во Самара се случува во период на интензивирање на воздушните операции на двете страни.
Најмалку едно лице загина во руски ракетен напад ноќеска врз Киев, соопшти градската воена администрација. Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека во Дарницкиот реон се погодени магацински објекти што по нападот се запалиле, додека остатоци од ракета паднале во дворот на станбен комплекс во Днепровскиот реон. Тој упати повик до населението да се засолни.
Руското Министерство за одбрана изутринава потврди дека руските сили погодиле украински воени објекти и енергетска инфраструктура во Киевската и Днепропетровската област, како и пристанишни објекти и пловни објекти во Одеската област, за кои тврди дека ги користат украинските вооружени сили.
Според руското Министерство, нападот бил изведен со прецизно оружје и со беспилотни летала. Цел биле и украински претпријатија што произведуваат и складираат беспилотни летала со голем и среден дострел.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пак, утрово изјави дека ноќеска градот бил нападнат со украински дронови, а нападот бил еден од најмасовните оваа година.
Според Собјанин, од синоќа до утрово во Московскиот регион биле испратени 862 беспилотни летала.
Силите за воздушна одбрана ги неутрализирале повеќето беспилотни летала што се приближувале кон регионот, додека 170 беспилотни летала биле соборени при приближувањето кон руската престолнина, пренесуваат руските медиуми.
Претходниот голем напад со беспилотни летала во Москва се случи ноќта помеѓу 28 и 29 октомври, кога биле испратени приближно 613 дрона.
Внаслідок нічної атаки РФ на Київ загинула людина https://t.co/TbYY08YWtI https://t.co/lKXgtnmTTc
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) October 30, 2026
Во меѓувреме, Вашингтон повторно се обидува да ги врати Москва и Киев на преговарачка маса. По повеќемесечниот застој, се најавува продолжување на трилатералните разговори меѓу Русија, Украина и САД во Абу Даби, во текот на ноември. Украинскиот претседател Зеленски очекува разговорите да се одржат во првата половина на месецот, додека советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека нивното одржување ќе зависи од состојбата на бојното поле. Точниот датум сè уште не е договорен.